More

    БиБиСи: Дали светот може да опстане без руска нафта и гас?

    spot_img

    Поради инвазијата на Украина, САД, Велика Британија и Европската унија во вторник објавија ограничување на увозот на нафта и гас од Русија.

    Какви санкции се воведени?

    Соединетите Држави објавија целосна забрана за увоз на руска нафта, гас и јаглен во вторникот, откако Украина ја повика меѓународната заедница да ги прошири постоечките трговски санкции. Обединетото Кралство има намера постепено да го укине увозот на руска нафта до крајот на оваа година, додека Европската унија има намера драстично да ја намали количината на енергија што ја увезува од Русија за две третини.

    Британската влада вели дека времето, до крајот на тековната година, ќе им даде доволно простор да најдат алтернативни добавувачи. Во Русија, вицепремиерот Александар Новак изјави дека отфрлањето на руската нафта може да доведе до „катастрофални последици за глобалниот пазар“.

    Глобалните цени на нафтата и гасот веќе нагло скокнаа по овие најави – и би можеле да продолжат да растат доколку Русија го прекине извозот, пишува Би-Би-Си.

    Колку нафта извезува Русија?

    Русија е трет најголем производител на нафта во светот, зад САД и Саудиска Арабија. Русија извезува околу пет милиони барели сурова нафта дневно, а околу половина од таа количина оди во Европа. САД не зависат толку од руската нафта – од вкупното количество нафта увезена од Американците во 2020 година, руската нафта учествува со само 3%.

    Што е со алтернативните добавувачи?

    Експертите велат дека би требало да биде полесно да се најдат други извори на нафта отколку гас. Гасоводи има помалку, но кога станува збор за нафтоводи, има многу алтернативи покрај руските.

    Соединетите Американски Држави веќе некое време бараат од Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта – но таквите барања од претходно, кога Американците бараа зголемување на производството за пониски пазарни цени, редовно беа отфрлани.

    Саудиска Арабија е најголемиот производител во ОПЕК – картел на земји за кои нафтата е главна економска гранка и кои заедно сочинуваат околу 60% од вкупното светско производство на сурова нафта. Затоа, ОПЕК има клучна улога во обликувањето на цената на нафтата.

    Русија не е членка на ОПЕК, но од 2017 година почна тесно да соработува со нив со заедничко ограничување на производството со цел да се одржат стабилни цените на нафтата – а со тоа и приходите на производителите.

    Соединетите држави, исто така, размислуваат за ублажување на санкциите за извозот на нафта наметнати на Венецуела. Земјата некогаш беше еден од главните добавувачи на нафта на Соединетите држави, но неодамна Венецуела продава најголем дел од својата нафта главно на Кина.

    Што би се случило ако рускиот гас престане да оди во Европа?

    Цените на парното – кои се веќе доста високи – дополнително би се зголемиле. Рускиот гас сочинува околу 40% од вкупниот европски увоз на гас. Особено се изложени Италија и Германија, кои се најмногу зависни од рускиот гас.

    Европа би можела да го надомести ова со вртење кон постоечките извозници на гас како Катар, Алжир или Нигерија, но има технички пречки кои треба да се решат за да се зголеми производството во тие земји на краток рок.

    Што се однесува до САД и Велика Британија – само 5% од гасот што го трошат Британците доаѓа од Русија, а САД воопшто не увезуваат руски гас. Сепак, цените на бензинот во двете земји значително се зголемија како резултат на стагнацијата во глобалното снабдување.

    Може ли да се најде замена за гасот од Русија?

    Не е така лесно. „Потешко е да се замени гасот бидејќи имаме големи цевководи кои носат гас од Русија до Европа“, изјави Бен Меквилијамс, аналитичар за енергетска политика, за Би-Би-Си.

    Експертите од Економскиот институт Бригел во Брисел велат дека во случај на прекин на извозот на руски гас во Европа, дефицитот може да се надополни со увоз на течен гас (LNG) од САД.

    Друга последица може да биде зголеменото потпирање на други извори на енергија – но тоа е процес кој не е ниту брз ниту лесен.

    „На обновливите извори на енергија ќе им треба многу време за да станат значајни, така што на краток рок тие не можат да бидат решение“, вели аналитичарот Симоне Таљапитра. „Затоа, кога станува збор за претстојната зима, префрлањето на друг извор на гориво, како рестартирање на електрани на јаглен, може да и помогне на Европа. Италија и Германија го подготвија ова вонредно сценарио“.

    ЕУ подготви план да ја направи Европа зависна од руските фосилни горива „пред 2030 година“. Вклучува мерки кои предвидуваат диверзификација на снабдувањето со гас, но и замена на гасот како гориво за греење и производство на електрична енергија.

    Што ќе биде со сметките за парно и цените на горивата?

    Потрошувачите ќе мора да се справат со зголемените цени на енергијата и горивото, кои дојдоа како резултат на војната. Во Обединетото Кралство, сметките за енергија што ги плаќаат домаќинствата не се дивее толку далеку бидејќи има пропишани максимални цени кои се ревидираат на секои 6 месеци.

    Сепак, експертите предвидуваат дека сметките на просечното британско домаќинство може да се зголемат за 700 фунти и да достигнат околу 2.000 фунти (2.400 евра) во април, кога ќе се случи нова ревизија на цената. И кога тие повторно ќе се ревидираат наесен, се предвидува дека сметките ќе достигнат 3.000 фунти (3.600 евра).

    Цените на бензинот и дизелот исто така скокнаа, а цените на бензините за Британците се очекува да достигнат 1,75 фунти за литар бензин (2,11 евра, 16 фунти) како што напредува војната во Украина.

    Во Америка, цените на бензинот моментално се на највисоките нивоа од 2008 година, а Националната асоцијација на автоклубови ААА вели дека продажните цени на бензинските пумпи скокнале за 11% само во последните седум дена.

    „Мислам дека сега сме во свет каде што, во случај руската нафта и гас да престанат да течат во Европа, ќе мора да воведеме некоја форма на пропишана ограничена потрошувачка“, вели Меквилијамс.

    „Сега дел од тој разговор стана прашањето дали можеме да им кажеме на домаќинствата да го намалат греењето за еден степен – затоа што тоа би заштедило значително количество гас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img