More

    Бесими: Низа мерки за сузбивање на сивата економија дел од реформата

    spot_img

    Борбата против сивата економија е дел од реформата во јавните финансии. Со системските измени ќе се преземат низа мерки за формализирање на неформалниот сектор, пишува во својата најнова колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими. Акцискиот план за сузбивање на сивата економија ги опфаќа двете страни на неформалниот сектор – понудата и побарувачката. Стимулации, превентивни мерки за премин кон формални производи и услуги, унапредување на ефикасноста на инспекциите и надзорот се механизмите за борбата со неформалната економија.
    „Кога велам зголемување на даночната основа, тоа подразбира и воведување во неа субјекти од неформалниот дел. Активностите предвидени со Акцискиот план на Министерството за финансии, се базираат на поддршка и стимулација на формализацијата на неформалните активности преку зголемување на погодностите од влегување во формалната економија. Особен акцент е ставен и на унапредување на ефикасноста на инспекциите и надзорот за да се обезбеди поголема рамноправност на сите учесници на пазарот. Мерките се однесуваат и на модернизација на процесите, како е-трговијата, која зема се поголем замав и креира нелојална конкуренција меѓу малите и средни претпријатија, како главен двигател на економскиот развој. Приоритети се: унапредувањето на процесот на мерење, следење и детектирање на сивата економија, стимулативни активности за формализација на сивата економија, јакнење на свеста за сивата економија и јакнење на даночниот морал, зајакнување на инспекциските служби, унапредување на законската регулатива, како и спроведување мерки во делот на Царинската управа каде ќе бидат опфатени и производите од е-трговијата“, посочува министерот за финансии.
    Бесими, исто така пишува дека иницијативи кои се очекува да имаат значаен придонес во сузбивањето на сивата економија е намалувањето на готовинското плаќање преку новите реформи во платниот систем и платежните услуги со либерализација на платниот промет и воведување на финтек решенија покрај банкарскиот сектор од почетокот на 2023 година. Тука е воведувањето на системот на е-фактури и е-фискализација од страна на УЈП, како и системот на одбележување и следење “track and trace” за акцизните добра (особено тутунот и алкохолните пијалоци) од страна на Царинската управа, како и другите процеси на дигитализација во овие две институции.
    „Доколку сакаме да имаме држава со подобра инфраструктура, квалитетно образование, подобра здравствена и социјална заштита, сите заедно мора да се потрудиме и дадеме свој придонес. Преминот од неформален во формален сектор ќе придонесе за воспоставување на предвидливо и стабилно деловно окружување, рамноправни услови за работа и здрава конкуренција. Исто така, ќе овозможи создавање на услови за рамноправен натпревар меѓу бизнисите, зајакнување на даночниот морал, како и зголемување на бруто домашниот производ“, истакнува Бесими.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img