More

    Бесими најавува реформи, а на врата тропаат прогресивните стапки на Тевдовски

    spot_img

    Актуелната криза повторно ја актуализира реформата на даночниот систем во која се најавува нов модел на прогресивно оданочување кај данокот на личен доход. Според она што го најави министерот за финансии Фатмир Бесими во последната колумна, кај овој данок ќе се работи на подобрување на праведноста во оданочувањето, односно начелото на хоризонтална праведност ќе се замени со вертикална праведност која подразбира оданочување според економската моќ, а не според остварениот приход од личен доход.

    Не се знае кога ова ќе се преточи во законски измени , бидејќи стратегијата на која се повикува министерот е со важност од 2021 до 2025 година. Дополнителен проблем е и тоа што ако не се направат измени на законот до крајот на годината, тогаш од следната ќе важи прогресивното оданочување кај личниот доход со две даночни стапки од 10 и од 18 отсто.

    Даночни експерти велат дека начелото на вертикална праведност бара и поголеми подготовки на даночната администрација и подобрување на механизмот на контрола. Во време на актуелната криза како во економијата, така и во Собранието, според нив, не треба да се менува даночната политика.

    Министерот за финансии најави новодизајниран модел за праведно оданочување како дел од новиот реформиран систем на даноци кој кој треба да овозможи повеќе пари во државниот буџет. Во однос на данокот од доход тој најавува враќање на прогресивниот данок, но главен фокус тука се става вертикална праведност, која може да се смета за пошироко решение од прогресивноста на даноците.

    – Очекуваните резултати се новодизајниран модел за праведно оданочување, имплементација на стандардите за спречување на ерозија на даночната основа и преместување на профитот – пишува тој во колумната.

    Даночниот експерт Павел Гацов смета дека во услови на криза и лоша состојба во економијата не е добро да има и даночни измени.

    – Сметам дека не е време за актуализирање на нов начин на оданочување на граѓаните во момент на економска криза. Но, за тоа одлучуваат политичарите. Инаку при воведувањето на начелото на вертикална праведност кај прогресивното оданочување јас се залагам како основа да се земе приходот на домаќинството, а не на единката. Ова од причини што на таков начин се добива вистинската слика за економската моќ на единките кои примаат ист личен приход во текот на месецот. Притоа е потребно да се подобри и механизмот за контрола бидејќи само така ќе се пресретнат злоупотребите од страна на поединци. Секој поединец кој остварува доход, кога нема соодветна контрола, може да посегне по злоупотреби. На пример, може да го подели доходот на членовите на неговото семејство и да одбегне да плати данок или да плати понизок данок. Затоа е потребно подобрување на механизмот на контрола – вели Гацов.

    Тој смета и дека веќе усвоените прогресивни даночни стапки кои сега се во мирување се високи.

    – Предлагам благо прогресивни стапки на оданочување, а не како актуелните од 10 и од 18 отсто – додава тој.

    Подготвена даночна администрација за да се воведе систем на вертикална праведност и прогресивен данок во целина бараше и бизнис заедницата во периодот кога се дискурираше Стратегијата за даночни реформи.

    – Ваквиот систем во пракса значи повисоки даночни стапки, со многу даночни ослободувања и олеснувања, а предуслов за негово воспоставување е добро подготвена даночна администрација која ќе спречи даночна евазија и злоупотреби, што не е случај во моментов кај нас – велат бизнисмени.

    Според експертите начелото на вертикална праведност во оданочувањето, наложува лицата со поголема економска сила да платат поголеми даноци во однос на лицата со помала економска сила.

    Вертикалната праведност, велат тие, може да се постигне со користење на соодветни механизми кај стапките, прогресивен регресивни стапки и слично, модифицирани модели на стапки, кај дефинирањето на даночните обврзници: поединец или домаќинство како дефинирани даночни обврзници, а кај даночната основа со даночни ослободувања и намалување од социјална природа, со вклучување на издржувани членови на семејството и слично.

    Гацов смета дека ваква реформа на даночниот систем тешко би можела да се реализира со оглед на актуелната состојба во парламентот.

    – Доколку, пак, не се направи нешто во однос на измени на даноците до крајот на годината, ќе продолжи примената на прогресивниот данок кој беше одложен за 36 месеци во ноември 2019 година. Тоа значи дека од следната година ќе важи оданочувањето на личниот доход со стапки од 10 и 18 отсто – појаснува Гацов.

    Во ноември 2019 година тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска го стави во мирување прогресивното оданочување кај персоналниот данок (стапки од 10 и 18 отсто) и го врати на единствена стапка од 10 отсто.

    Според тој закон за доходот од труд (плати, пензии, договори за дело, доход од авторски права, доход од самостојна дејност), се воведе дополнителна стапка од 18 отсто за даночната основа која надминува 1.080.000 денари годишно, односно 90.000 денари месечно. Под овој доход се плаќа данок со даночната стапка од 10 отсто.

    Во мирување ќе биде ставена и стапката од 15 отсто, и се применуваше стапка од 10 отсто и за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход.

    Прогресивниот данок на личен доход беше воведен во време на претходната влада на СДСМ кога министер за финансии беше Драган Тевдовски кој поради овој данок и несогласувањето со дел од тогашните министри во владата беше сменет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img