More

    Берлин: Возило влета во толпа луѓе, 30 повредени, едно лице загина

    spot_img

    Во Берлин се случи несреќа кога возило влета во толпа луѓе.

    Повеќе луѓе се повредени, јавија германските медиуми.

    Според првите информации од полицијата, нападот се случил на Breitscheidtplatz.

    Берлинската полиција пишува дека мажот удрил во луѓе со автомобил, но не се знае дали се работи за несреќен случај или намерен напад.

    Полицијата го привела мажот на местото на настанот.

    Некои медиуми и новинари пишуваат дека има десетици повредени. Билд пишува дека едно лице е убиено.

    Си-Ен-Ен исто така пишува дека загинало едно лице и ја навеле точната бројка на повредени – 30 лица.

    Нагласија и дека портпаролот на противпожарната единица изјавил дека за овој инцидент биле информирани утрово околу 10:30 часот.

    Да потсетиме, на истото место во декември 2016 година за време на божиќниот саем имаше терористички напад во кој загинаа 12 лица, а 48 беа ранети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img