More

    Бектеши очекува таква можност со изградба на интерконекторот кон Грција

    spot_img

    Северна Македонија не беше исклучена од негативните ефекти на кризата во Украина се одрази силно врз глобалната економија и животниот стандард на милиони граѓани во светот, рече министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Делфи економскиот форум кој што се одржува во градот Делфи во Република Грција.

    – На само две недели по отпочнувањето на кризата во Украина, Владата на РС Македонија донесе пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милииони евра со цел олеснување на ценовните притисоци од енергетската криза и растот на цените на храната на светските берзи – рече тој.

    Министерот потенцираше дека иако трговската размена на Северна Македонија со Русија е околу 1 отсто од вкупната размена на земјата, а размената со Украина е околу 1,5 отсто што значи дека конфликтот нема директно влијание врз трговскиот баланс, но прелевањето на кризата на европските пазари со кои нашата земја ја остварува најголемата трговска размена има големо влијание врз економијата.

    – Многу се важни инвестициите во енергетска диверзификација за да се намали зависноста од рускиот гас. Северна Македонија веќе презема активности за реализација на вакви проекти, пред се изградбата на интерконекторот за природен гас со Грција. Тоа ќе донесе поголема енергетска стабилност и безбедност во целиот регион. Но, конфликтот во Украина е лекција за Европската унија, а тоа е дека потребна е брза интеграција на Балканот во Унијата за просперитет на целиот регион – рече Бектеши.

    Во антикризните мерки коишто ги превземавме, како што потенцираше Бектеши има даночни мерки, финансиска поддршка на ранливите категории, административни ограничувања со кои ќе се влијае врз цените и мерки за штедење енергија.

    – Со спроведување на овие мерки ќе се амортизира порастот на цените на храната и горивата, ќе се поддржат фирмите а воедно ќе се влијае и за поголема енергетска ефикасност – рече Бектеши.

    Министерот кажа дека Владата е во редовна комуникација со соседните земји на Балканот поради поврзаноста на економиите со цел координација на политиките кои се превземаат за справување со кризата во делот за обезбедување на основните прехранбени производи.

    На панелот министерот Бектеши за влијанието на украинската криза во регионот дебатираше со Јоанис Смирлис, Генерален секретар за меѓународни економски прашања во Министерство за надворешни работи на Грција,  Дејан Шошкиќ, професор на Економски факултет во Универзитет во Белград, а модерираше Топлица Спасојевиќ од Српско здружение на економисти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img