More

    Без руското гориво не може да ги наполниме складиштата за зимата

    spot_img

    Виена ги прифати условите на Русија според новата шема за плаќање гас, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер, јавува РИА. Според системот, европските земји ќе можат да плаќаат во евра, но во руска банка каде нивните евра ќе бидат сменети за рубљи на Московската берза за потоа како такви да влезат на рускиот пазар и да ја заштитат руската економија.

    – Ние, (австриската компанија за нафта и гас) ОМВ, ги прифативме условите за плаќање, а истото го направивме и во Германија. Тоа беше важно за нас и затоа, за време на нашиот разговор, самиот Путин увери дека гасот ќе продолжи да се снабдува и може да се плати во евра. Кај нас оваа состојба не е променета – рече шефот на владата на прес-конференција.
    Дека гасот за Австрија се испорачува без прекин потврди и министерката за енергетика на земјата, Леоноре Гевеслер. Таа додаде дека без снабдување со гориво од Русија оваа година нема да биде можно да се наполнат складиштата за следната зима, но и дека Виена сака да ги диверзифицира изворите од кои црпи гас.

    Утринава, рускиот гигант „Газпром“ објави дека целосно ги прекинал испораките за Полска и за Бугарија поради нивното противење да ги исполнат овие услови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img