More

    Бајден ја спомна Третата светска војна во свој говор

    spot_img

    Светот е на историска пресвртина која „доаѓа на секои шест или осум генерации“, а САД ја вооружува Украина за да „му овозможи на украинскиот народ да се брани без ние да ризикуваме да влеземе во Трета светска војна со испраќање америански војници“, рече американскиот претседател Џо Бајден вчера во посета на компанијата Локхид Мартин, која произведува ракетни системи „Џавелин“, пренесува Мондо.

     

     

    Претседателот ја опиша улогата на САД во конфликтот како водење на првата „вистинска цивилизациска“ борба против Русија и Кина. Бајден вети и дека ќе испрати милијарди долари помош за Киев, пренесува РТ.

    – Има постојана битка меѓу автократијата и демократијата – нагласи тој, мислејќи на Кина и Русија како непријатели на наводните западни „демократии“.

    – Конфликтот во Украина е „првата вистинска битка“ во овој судир на цивилизации – објасни Бајден.

    Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, неодамна изјави дека „сакаме да ја видиме Русија ослабена до тој степен што нема да може да ги прави работите што ги направи при окупацијата на Украина“, а самиот Бајден во неколку наврати повика на промена на режимот во Москва, пренесува РТ.

    Неговиот руски колега, Сергеј Лавров ја обвинува НАТО алијансата дека „во суштина влегува во војна со Русија преку нејзиниот „претставник“ Украина и дека го вооружува тој „претставник“.

    Бајден побара дополнителна воена помош од 33 милијарди долари за Украина. Тој, исто така, им рекол на работниците во фабриката дека украинските родители своите новородени деца ги нарекуваат „Џавелин или Џавелина“  како дел од ракетите од американско производство. Ова тврдење првично беше изнесено минатиот месец од украинскиот новинар и неонацистички член на Азовскиот полк Илја Пономаренко, објави РТ.

    Соединетите Држави испратија оружје во Украина во вредност од 3,4 милијарди долари од почетокот на руската окупација на 24 февруари, вклучувајќи хаубици, противвоздушни системи Стингер, рачни противтенковски системи, муниција и оклоп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img