More

    Бајден: Хемискиот напад на Русија во Украина „ќе предизвика соодветен одговор“

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден по состанокот со лидерите на НАТО и Г-7 изјави дека хемискиот напад на Русија во Украина „ќе предизвика соодветен одговор“, пишува АсошиејтедПрес. Тој не кажа ништо повеќе за тоа што би можело да значи.

    – Прашувате дали НАТО ќе реагира? Таа одлука би ја донеле во самиот момент – рече Бајден.

    Претседателот и НАТО-сојузниците претходно нагласија дека САД и НАТО нема да пратат војници на украинска територија. Тие ветија нови санкции и хуманитарна помош како одговор на нападот на Владимир Путин врз Украина.

    Лидерите денес ги подготвуваа своите следни чекори за да се спротивстават на едномесечната руска инвазија – и се договорија како би можеле да одговорат доколку Путин употреби хемиско, биолошко или дури и нуклеарно оружје.

    Бајден, на прес-конференција рано вечерта по состанокот со лидерите на НАТО и Г-7, предупреди дека хемискиот напад од страна на Русија „ќе предизвика ист одговор“.

    Бајден и сојузниците во НАТО претходно нагласија дека САД и НАТО нема да пратат војници на терен во Украина. Не беше јасно дали претседателот има намера да сугерира дека таков напад ќе доведе до тоа САД или сојузниците да распоредат трупи за да и помогнат на Украина.

    Зеленски, иако е благодарен за нивната помош, јасно им стави до знаење на западните сојузници дека му треба многу повеќе отколку што тие во моментов се подготвени да дадат.

    – Еден процент од сите ваши авиони, еден процент од сите ваши тенкови -ги праша Зеленски членките на НАТО алијансата.

    – Не можеме да ги купиме. Но, кога ќе го имаме сето ова, ќе ни даде, исто како и вие, 100 проценти сигурност – додаде тој.

    Бајден, кој присуствуваше на сите три самити, рече дека повеќе помош е на пат. Но, западните лидери, исто така, посочија дека се однесуваат внимателно за да не ескалира дополнително конфликтот надвор од границите на Украина.

    – НАТО направи избор да ја поддржи Украина во оваа војна без да војува со Русија – рече францускиот претседател Емануел Макрон.

    – Затоа, решивме да ја интензивираме нашата тековна работа за да спречиме каква било ескалација и да се организираме во случај да дојде до ескалација – додаде Макрон.

    Веќе е обезбедена воена помош од милијарди долари. Американски официјален претставник, кој побара да остане анонимен за да разговара за внатрешните размислувања, рече дека западните земји разговараат за можноста за обезбедување противбродско оружје поради загриженоста дека Русија ќе изврши амфибиски напади долж брегот на Црното Море.

    Бајден рече дека негов главен приоритет на денешните состаноците е да се увери дека Западот останува на иста страна во својот одговор кон руската агресија врз Украина.

    – Најважно е да останеме обединети – рече Бајден.

    Тој исто така рече дека Путин згрешил кога претпоставил дека НАТО ќе биде поделено околу кризата во Украина. Според него, руската окупација на Украина изградила поголемо единство во НАТО, Европската Унија и во економиите на Г7-групата.

    – Тој(Путин) не мислеше дека можеме да ја одржиме оваа кохезија – рече американскиот претседател додавајќи дека НАТО „никогаш не било пообединето од тоа што е денес“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img