More

    Бајден пееше и го заборави името на сопругата на синот на Мартин Лутер Кинг

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден беше жртва на потсмев на интернет откако пеејќи „среќен роденден“ го заборави името на сопругата на синот на Мартин Лутер Кинг. Арндреа е сопруга на најстариот син на познатиот афроамерикански активист (крстен по татко му), а двајцата сопружници исто така се активисти. Да биде бељата поголема, САД утре го слават денот на Mартин Лутер Кинг, државен празник.

    – Честитки денес за почестените, вклучително и на вашата сопруга, за која разбирам дека денес има роденден – му рече Бајден на Мартин Лутер Кинг Трети од зад говорницата.

    – Епа види, жена ми има правило во моето семејство, кога некому му е роденден, му пееш среќен роденден – додаде тој и почна да пее.

    Но, кога дојде делот со името, Бајден само промрморе нешто.

     

    Клипот со Бајден беше прегледан повеќе од 2,2 милиони пати на Твитер.

    „Нејќам да ја гледам потпретседателката Харис, ама време е Џо (Бајден) да си оди“, гласеше еден од многуте коментари по социјалните мрежи.

    Минатата недела Бајден, исто така, се соочи со потсмев за време на неговото патување во Ел Пасо, Тексас, за да ја види јужната граница. Тој мораше да се поправа пред една жена откако изјавил дека работел за тајните служби во Полска и во Украина.

    – Не тајната служба, туку Армијата на спасот – рекол Бајден откако ја сфатил својата грешка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img