More

    Бајден оди во Полска

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден ќе отпатува во Полска во петок, на 25 март, за да разговара со претседателот Анджеј Дуда за украинската криза, соопшти Белата куќа.Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Бајден ќе отпатува во Полска во петок за да разговара за меѓународниот одговор на „хуманитарната криза и кризата за човекови права создадена од неоправданата и неиспровоцирана војна на Русија против Украина“.

    Бајден ќе отпатува во Полска еден ден по средбата со сојузниците на НАТО, лидерите на Г7 и лидерите на Европската унија во Брисел за да разговараат за меѓународните напори за поддршка на Украина по руската инвазија, соопшти Белата куќа.

    Во петок Бајден ќе отпатува за Варшава, каде ќе има билатерална средба со претседателот Анджеј Дуда, пренесува Ројтерс.

    Повеќе од два милиони бегалци влегле во Полска од Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопшти полската гранична стража.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img