More

    Бајден и Шолц договорија ново зајакнување на источното крило на НАТО!!

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц разговараа за военото присуство на Русија во близина на границата со Украина и ја истакнаа важноста од зајакнување на источното крило на НАТО во случај на руски напад, соопшти Белата куќа.

    Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека двајцата лидери се согласиле дека ситуацијата во Украина треба да се смета за исклучително сериозна бидејќи постои ризик од руска воена агресија.

    Потребна е голема претпазливост бидејќи досега нема знаци за значително повлекување на руските сили, заклучија двајцата лидери во телефонски разговор, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт и додаде дека двајцата лидери ја поздравија изјавата на рускиот претседател дека дипломатските напори треба да продолжат.

    Белата куќа соопшти дека Бајден и Шолц се осврнале на неодамнешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Бајден и Шолц ја потврдија својата посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на источното крило на Алијансата во случај на инвазија од страна на Москва, соопшти Белата куќа.

    Русија уште еднаш е повикана да ги смири тензиите во близина на границата со Украина.

    Тие се согласија дека е важно да се преземат чекори кон имплементација на мировниот договор од Минск што го склучија Русија, Украина, Франција и Германија во 2015 година и да се постигне напредок преку нормандискиот формат, рече Хебестрејт.

    Русија, пак , како одговор на ова денеска објави видео од повлекување на руските војници по завршената вежба.

    Актуелната антируска хистерија во САД не им дозволува на американските власти објективно да гледаат на ситуацијата околу Украина, соопшти руската Амбасада во САД.

    „Посветивме внимание на изјавите на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, дадени на 16 февруари во интервју за Си-Ен-Ен. Службеникот уште еднаш се обиде да ја обвини Русија за ширење дезинформации за ситуацијата во Украина“, напиша амбасадата на својот Фејсбук профил.

    – Очигледно е дека антируската хистерија во САД не им дозволува на американските колеги објективно да гледаат на работите. Самохипнозата за неизбежност на руски напад продолжува – додава амбасадата.

    Руската Амбасада го повика американскиот Стејт департмент „да престане да ги поттикнува новинарите со милитаристички бес“ и да се фокусира на вистински важните прашања за постигнување „дипломатско решение на внатрешниот украински конфликт“.

    Денеска  и чешкиот претседател Милош Земан  ја обвини ЦИА за „бламажа“ поради најавите за руски напад врз Украина оваа недела и повтори дека верува оти нема да има војна освен можеби ограничен конфликт во сепаратистичките области на Украина.

    – Русите не се луди да се вклучат во операција која ќе им нанесе повеќе штета отколку корист. Кога станува збор за американските тајни служби, ова им е трета бламажа. Првата беше војната во Ирак каде не беше пронајдено оружје за масовно уништување. Втората во Авганистан кога тврдеа дека талибанците никогаш нема да го освојат Кабул. А третата е сега – изјави Земан во интервју што денеска го објави чешкиот весник „Млада Фронта Днес“.

    Како што пренесе Бета, чешкиот претседател изјави дека не верува оти нема напад врз Украина бидејќи западните разузнавачки служби однапред предупредија дека знаат за плановите и можноста за агресија врз Украина.

    – Мислам дека тоа е обид да се скрие срамот. Веста дојде од американски извори пред пет дена. И како што можете да видите, тоа не се случи. Во секој случај, тоа беше извештај на ЦИА. И не се прашувам какви извори на информации има. Само врз основа на споменатите три случаи се сомневам во квалитетот на тие извори – рече Земан.

    Претседателот на Чешка, сепак, не ја исклучува можноста дека во Украина ќе има војна.

    – Не можам да исклучам некој локален конфликт на границите на Доњецк или Луганск. Но, тоа е нешто сосема различно од руска агресија врз Украина. Кога ќе ме прашате зошто Западот го прави ова, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вели дека Русите се подготвени и војната може да започне во секој момент, против тоа зборува повлекувањето на руските единици – рече Земан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img