More

    Бајден и Путин начелно се согласија за самит за Украина, со што најверојатно е можен пат за излез од една од најопасните европски кризи во изминатитеите децении

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се согласија за самит за Украина, со што најверојатно е можен пат за излез од една од најопасните европски кризи во изминатитеите децении.

    Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон објави во соопштение дека тој им предложил на двајцата лидери самит за „безбедноста и стратешката стабилност во Европа“. Белата куќа во соопштение нагласи дека Бајден го прифатил состанокот „во принцип“, но само „доколку не се случила инвазија“.

    – Секогаш сме подготвени за дипломатија. Ние сме исто така подготвени да наметнеме брзи и тешки последици доколку Русија наместо тоа избере војна – рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

    Многу детали за предложениот самит – кој беше објавен по телефонски разговори меѓу Макрон, Бајден, Путин, Зеленски и британскиот премиер Борис Џонсон – не се јасни.

    Кабинетот на Макрон и Белата куќа соопштија дека суштината на самитот ќе ја разработат американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на нивната средба планирана за 24 февруари. Каква улога ќе има Украина на самитот, доколку  го има, исто така е неизвесно.

    Официјален претставник на администрацијата на Бајден во е-порака наведе дека самитот е „целосно теорија“ бидејќи времето и форматот допрва треба да се одредат.

    Додека цените на нафтата паѓаа, азиските пазари на акции ги намалија загубите,  фјучерсите на Волстрит се зголемија по веста за можен самит.

    – Но, ако Бајден и Путин навистина се сретнат, тие треба да го поканат (Зеленски) да се придружи – наведе Мајкл Мекфаул поранешен американски амбасадор во Москва во пораката објавена на Твитер.

    Информацијата за предлогот на Макрон доаѓа по една недела на зголемени тензии поттикнати од военото засилување на Русија. Руските сили се трупаат околу својот сосед од крајот на минатата година, нешто што западните земји велат дека е увертира за инвазија што може да се скучи во секој момент.

    Русија негира каква било намера да изврши инвазија, но белоруското Министерство за одбрана објави дека Русија ќе ги продолжи воените вежби во Белорусија кои требаше да завршат вчера.

    Американската компанија за сателитски снимки Maxar  објави повеќе нови распоредувања на руски воени единици во шуми, фарми и индустриски области на само 15 километри од границата со Украина.

    Блинкен вчера рече дека продолжувањето на вежбите во Белорусија, која граничи со Украина на север, го натерало повеќе да се загрижи дека Русија е на работ на напад.

    – Додека тенковите всушност не се движат, а авионите не летаат, ние ќе ја користиме секоја можност и секоја минута што ја имаме да видиме дали дипломатијата се уште може да го одврати претседателот Путин да го продолжи ова – изјави тој за Си-Ен-Ен.

    Во писмото до шефицата за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, САД изразија загриженост дека „натамошната руска инвазија на Украина може да создаде катастрофа за човековите права“.

    „Конкретно, имаме веродостојни информации кои укажуваат на тоа дека руските сили создаваат списоци на Украинци кои треба да бидат убиени или испратени во кампови по воена окупација“, напиша американскиот амбасадор во ОН во Женева, Батшеба Нел Крокер.

    Спорадичното гранатирање преку линијата што ги дели украинските владини сили и проруските сепаратисти на исток се интензивираа од четвртокот. Денеска повторно се слушнаат спорадични истрели вклучително и експлозија во центарот на градот Доњецк, кој е под контрола на сепаратистите. Причината е непозната.

    Бунтовниците соопштија дека двајца цивили биле убиени во гранатирање на владините сили на Киев, јавија руските медиуми.

    Киев ја обвини про-Руски сили декаги гранатираат сопствените сонародници во отцепениот регион за да ги обвинат за нападите украинските владини сили.

    Западните земји подготвуваат санкции за кои велат дека би биле опсежни против руски компании и поединци во случај на инвазија, вклучително и чекори за забрана на американските финансиски институции да процесираат трансакции за големите руски банки, рекоа луѓе запознаени со ова прашање.

    Британскиот премиер Борис Џонсон изјави за Би-Би-Си дека таквите мерки би можеле да вклучуваат ограничувања на пристапот на руските бизниси до доларот и фунтата.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави за германската телевизија АРД дека Русија „во принцип ќе биде отсечена од меѓународните финансиски пазари“ и ќе биде отсечена од големиот европски извоз.

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба нагласи дека е време Западот да спроведе барем дел од санкциите што ги подготви, но администрацијата на Бајден одби да го стори тоа, велејќи дека нивниот застрашувачки ефект ќе биде изгубен ако тие се искористат прерано.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img