More

    Бајден испраќа дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина

    spot_img

    Претседателот на САД Џо Бајден денеска изјави дека испраќа дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина, во време кога војната на Русија преминува во клучна фаза.

    Помошта што се праќа е последна транша после онаа со сличен износ на почетокот на месецов. Сите дополнителни пари отсега треба да бидат одобрени од Конгресот.

    Говорот на Бајден беше прв посветен на војната, после неколкунеделна пауза во изјавите за Украина, и го даде пред да замине на кампања во тихоокеанскиот северозападен дел на САД.

    Во обраќањето тој изјави дека ниту САД ниту партнерите нема да ги намалат обидите Москва и рускиот претседател Владимир Путин да се казнат. -Путин се обложува на тоа дека нашиот интерес ќе спласне. Ќе му докажеме уште една дека греши… Тој никогаш нема да успее во доминација и окупација на цела Украина, изјави Бајден.

    Со испраќањето нова помош тој е убеден дека конфликтот нема да заврши во некој близок рок. Рече и дека отсега се подига рампа за приод на руските бродови на пристаништата во САД.

    Администрацијата објави и дека ќе прими десетици илјади украински бегалци врз основа на хуманитарна одлука, што е знак дека Белата куќа планира за идните последици од војната на Русија.

    Новите испораки вклучуваат тешка артилерија хаубици и 144.000 патрони за неа, но и разновидно друго софистицирано оружје како малите дронови „Свичблејд“ познати и како „камикази дронови-убијци“, но и советските хеликоптери Ми-17, што САД ги пренасочија од Авганистан во Украина.

    Бајден оцени војната навлегува во нова, покрвава фаза и дека Путин ја „рефокусирал“ кампањата за да заземе повеќе територија во источна Украина со што приливот на западна воена помош е од суштинско значење.

    -Се наоѓаме во критичен период, кога тие поставуваат сцена за следната фаза од оваа војна. САД и нашите партнери се движат колку што може побрзо да продолжат со снабдувањето на Украина… на оружјето што им треба, опремата што им треба, за нивните сили да ја бранат својата земја.

    Новиот пакет помош, најавен минатата недела, доаѓа по сличниот пакет од 800 милијарди долари испратен на почетокот на месецов. Со ова, вкупната воена помош на САД испратена за Украина од почетокот на војнта на 24 февруари досега изнесува околу 3.4 милијарди долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img