More

    Бајден зборувал со Шолц, одлуката би ги опфатила и „леопардите“

    spot_img

    Весникот „Вол Стрит Џурнал” пишува дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е сè поблиску до одлуката за испраќање на моќните американски тенкови „Абрамс” во Украина, додавајќи дека одлуката би можела да биде соопштена уште неделава.

    Белата куќа не сакаше да го коментира написот, но весникот наведува дека „одлуката за испраќање на „Абрамсите” би била дел од поширок дипломатски договор, во кој Берлин ќе објави испраќање на помал број свои тенкови „Леопард 2″ во Украина и во исто време ќе ги овласти Полска и другите земји да испратат тенкови „Леопард” во Украина”.

    Ваквиот договор, според „Вол Стрит Џурнал” ќе ги смири несогласувањата меѓу САД и Германија околу испраќањето тенкови во Украина, што се закануваат со поширок јаз меѓу западните земји како што се приближува првата годишнина од руската инвазија на Украина.

    Плусинфо веќе пишуваше дека американската администрација се враќа на мисла да ги испрати тенковите, особено што тие би биле важни во идната украинска офанзива на Крим.

    Промената на американската позиција, според весникот, уследила по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц, за време на кој Бајден наводно се согласил да размисли за испраќање на тенкови „Абрамс” и покрај оценката на Пентагон.

    Во меѓувреме, Полска чека на одобрение од Германија за да ги извезува германските тенкови „Леопард“. Германската Влада информираше дека најитно ќе се ангажира за барањето, изјави денеска државниот секретар во Министерството за економија Свен Гиголд.

    – Можам само да ви кажам: Итно ќе работиме за да донесеме одлука – рече Гиголд на конференцијата за одбрана во Берлин организирана од „Handelsblatt”.

    Висок функционер во Министерството за надворешни работи, Тобијас Линднер изјави дека конечната одлука дали Германија ќе испрати тенкови „Леопард” во Украина или ќе им дозволи на други земји ќе биде донесена со консензус на Владата во Берлин.

    – Верувам дека ви е добро познат ставот на мојата министерка во оваа дебата – додаде тој, мислејќи се на изјавата на министерката за надворешни работи Анален Бербок, која во неделата објави дека Германија нема да застане на патот на другите земји кои испраќаат тенкови „Леопард” во Киев.

    Велика Британија и Франција веќе одлучија да испратат свои тенкови во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img