More

    Бајден забрани пристап на Русија до сметките во американски банки

    spot_img

    Американското Министерство за финансии го суспендираше плаќањето на долгот во долари од сметките на руската Влада во американските банки, зголемувајќи го притисокот врз Москва да најде алтернативни извори на финансирање за плаќање на инвеститорите во обврзници, јави Блумберг.

    Тој потег има за цел да ја принуди Русија да избере помеѓу три непривлечни опции – трошење на резервите во долари што ги чува дома, трошење нови приходи или неплаќање, нагласи извор од Службата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии кој ги коментираше деталите за одлуката под услов на анонимност.

    Вчера за најголемите исплати, вклучително и главнината од 552,4 милиони долари во обврзници кои доспеваа, американската Влада одлучи да го прекине пристапот на Москва до замрзнатите средства, изјави портпаролот на американското Министерство за финансии. Во понеделникот требаше да се уплатат 84 милиони долари на државна обврзница од 20 милиони долари. Со тоа, САД блокираа долг од над 600 милиони долари.

    Плаќањето за државниот долг на Русија требаше да биде вчера и неговото суспендирање има за цел дополнително да го зголеми притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на инвазијата врз Украина. Ова уследи по обвинувањата за време на викендот дека руските војници убиле цивили во Буча и други украински градови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img