More

    Бајден вели дека Русија ја прекршила повелбата на ОН

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот говор пред Генералното собрание на Обединети нации изјави дека војната на Русија во Украина „ја замрзнува крвта во жилите”.

    Тој потсети дека со оваа војна Москва ја прекршила Повелбата на ОН.

    – Оваа војна е да се уништи правото на Украина да постои како држава. Каде и да сте, каде и да живеете тоа треба да ви ја замрзне крвта во жилите – рече Бајден, додавајќи оти постојат „застрашувачки докази” за извршени воени злостосртва на Русија.

    – Ако нациите можат да водат империјални амбиции без последици, поредокот по Втората светска војна се урива. Заедно со сојузниците, ние сме солидарни со Украина против руската агресија – додаде тој.

    Бајден исто така се осврна и на безбедноста во снабдувањето со храна и вети 2.9 милијарди долари за борба гладот во светот, а тоа го поврза со руската инвазија, укажувајќи дека Москва ја влошила кризата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img