More

    Барем половина од партие треба да завршат во локалните радија и телевизии, вели премиерот

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека објавувањето кампањи од јавен интерес во медиумите треба да биде без политичко влијание, а на локалните медиуми да им бидат доделени најмалку половина од парите.

    На новинарско прашање за предлогот за бришење на член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а за кој во матичната собраниска Комисија за транспорт и врски пратениците од Левица доставија 1.300 амандамни, Ковачевски рече дека какво и да биде решението, кампањите од јавен интерес треба да бидат без никаква можност за злоупотреба од која било политичка партија.

    – Од Левица не можете да очекувате ништо друго освен класичен популизам, зашто тие никогаш немаат предложено ништо за граѓаните освен критика на она што се прави за граѓаните – рече Ковачевски.

    Според него, кампањите од јавен интерес треба да бидат без политичко влијание, без никаква можност за злоупотреба од страна на која било политичка партија, и тоа треба да важи не само на државно туку и на локално ниво.

    – Кога се работи за кампањи на локално ниво тогаш најмалку половина од средствата, мора да бидат доделени за локални медиуми. Тоа е мојот став – изјави Ковачевски, кој беше на средба со тутунопроизводители во Прилеп.

    Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се носи по скратена постапка, на предлог на пратенциите Арбана Пашоли, Диме Велковски, Исмаил Јахоски, Коле Чаракчиев и Марија Георгиевска.

    „Целта на законот е воведување начин на изборот на емитување на кампањи од јавен интерес со цел да се има поголема транспарентност при изборот како и почесто спроведување и емитување на истите со цел поголемо подигнување на јавната свест. Со Предлог законот се допрецизираат и одредбите за реемитување на програмските сервиси кои се однесуваат за регулирање на авторските и сродни права на територија на Република Северна Македонија. Со предлог законот ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавен интерес и нивното емитувањесе вели во образложението на Предлог законот.

    Во него е наведено дека Владата има обврска во текот на една календарска година да спроведе најмалку една, а најмногу четири кампањи од јавен интерес на централно ниво.

    Со предложените измени се воведува и обврска државата и општините да имаат од една до четири јавни кампањи годишно кои ќе се емитуваат на комерцијалните радија и телевизии. Финансирањето на кампањите од јавен интерес се обезбедува од Буџетот во висина од задолжителни 0,1 отсто. Од нив, 80 отсто се наменети за кампањи од јавен интерес кои ќе се емитуваат само на национални телевизии, а останатите 20 отсто се наменети за регионалните телевизии и радијата на државно и регионално ниво.

    Откако беа објавени предложените измени со реакција се огласи и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) која соопшти дека е крајно загрижена поради предлозите за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

    Според АВМУ, понудените решенија се проблематични од повеќе аспекти, почнувајќи од самото дефинирање на кампањите од јавен интерес, начинот на нивно спроведување, а особено, како што наведоа, нивното финансирање со пари од државниот буџет и од буџетите на единиците на локалната самоуправа.

    Во сегашниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како што укажа АВМУ, е предвидено дека кампањите од јавен интерес и апелите за добротворни цели се емитуваат бесплатно на програмите на радиодифузерите. Според стандардите, за кампањи од јавен интерес се сметаат исклучиво оние кои се однесуваат на теми од поширока општествена корист или алтруистичка цел (како безбедност во сообраќајот и на патиштата, граѓански должности, здравствени кампањи и така натаму), без разлика кој е нивниот нарачател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img