More

    Банкротот на Русија е прашање на време

    spot_img

    Банкротот на Русија е само прашање на време, а со оваа војна рускиот претседател Владимир Путин ја уништува сопствената држава и иднината на нејзиниот народ, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    Таа во интервју за германскиот весник „Билд“ рече дека санкциите секоја недела навлегуваат подлабоко во руската економија и оти извозот во Русија паднал за 70 проценти.

    – 700 руски авиони ги загубија своите лиценци поради недостиг на резервни делови и ажурирања на софтверот. Стотици големи компании и илјадници експерти и го вртат грбот на таа земја. Според сегашните прогнози, бруто домашниот производ на Русија ќе падне за 11 отсто, рече таа.

    На прашањето за подготовките за воведување на шестиот пакет санкции против Русија, Фон дер Лајен рече дека ЕУ продолжува да го следи банкарскиот сектор, особено Сбербанк, која сама сочинува 37 проценти од рускиот банкарски сектор, но дека, се разбира, постојат енергетски проблеми.

    Истакнувајќи дека земјите од ЕУ и плаќаат на Русија по 450 милиони евра секој ден само за испорака на нафта, таа изјави дека примарна цел е да се намалат приходите на Путин.

    – Но, нафтата се тргува на глобално ниво. Она што не треба да се случи е Путин да наплаќа уште повисоки цени на другите пазари … Затоа ние во моментов развиваме паметни механизми за нафтата да може да биде вклучена во следниот чекор на санкциите, нагласи претседателка на Европската комисија.

    Таа изјави дека Украина може да победи во војната и оти храброста и отпорот на Украина се импресивни.

    На прашањето дали победата значи повторно протерување на Русија од источна Украина, фон дер Лајен рече дека победата значи во Украина повторно да владее мир, а под кои услови, тоа Украина сама ќе одлучи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img