More

    Балканот го зафати снежно невреме: Во Србија над 25.000 луѓе останаа без струја

    spot_img

    Патиштата беа затворени, а повеќе од 25.000 луѓе во Србија останаа без струја поради бурните ветришта и снежното невреме во неделата, додека во Црна Гора сообраќајот беше во прекин поради дрвјата кои паднаа на патиштата.

    Властите во црногорскиот приморски град Будва ги предупредија граѓаните да останат внатре, откако силните ветрови уништија покрив на училиште, урнаа дрвја и улични светилки, потонаа туристички брод и го прекинаа сообраќајот долж брегот во саботата.

    Повеќе од 250 километри локални патишта во ридскиот југоисточен дел на Србија беа затворени поради снежните врнежи, чија висина беше и до два метри, јавија локалните медиуми.

    Босанските власти го забранија возењето тешки товарни возила во планинските подрачја поради провејување на снег и голомразица на патиштата.

    Метеоролозите најавија дека температурите под нулата и снежното невреме ширум Балканот ќе продолжат и во наредните денови.

    Студеното време ја зафати и Грција со врнежи од снег кои започнаа доцна во саботата, а продолжија и во неделата со проблеми во патниот и поморскиот сообраќај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img