More

    Балистички ракети ќе летаат во небото

    spot_img

    Голема руска воена вежба која, меѓу другото ќе ги тестира и воените нуклеарни капацитети на земјата ќе се одржи утре, а лично ќе присуствува и претседателот Владимир Путин, бидејќи вежбите од ваков тип легално не се можни без шефот на државата, потврди официјална Москва.

    „На 19 февруари, под надзор на врховниот врховен командант на руските вооружени сили Владимир Владимирович Путин, ќе се одржи планирана вежба на силите за стратешко одвраќање, за време на која балистички и крстосувачки ракети ќе бидат лансирани“.

    Во соопштението се објаснува дека вежбите биле планирани „за проверка на подготвеноста на воените органи, посадите за лансирање и екипажот на воените бродови и ракетните носачи за извршување на нивните задачи, како и за тестирање на веродостојноста на стратешкото нуклеарно и ненуклеарно вооружување“, пишува РусијаДенес.

    Русија изминатава недела спроведуваше големи воени маневри, вклучително и заеднички вежби во соседна Белорусија, во близина на границата со Украина. Додека западните медиуми пишуваат дека окупацијата е можна во следните неколку денови, официјална Москва постојано ги демантира изјавите.

    Во вторникот, руското Министерство за одбрана објави дека повлекува некои војници кои ја завршиле својата обука во Белорусија. Американските власти, пак, рекоа дека не гледаат докази за вистинско повлекување, при што еден анонимен функционер им кажа на новинарите дека Москва всушност ги засилила своите сили за 7.000.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img