More

    Баба срушила дрон со тегла со зимница – Дали е лажна вест?

    spot_img

    Украинските медиуми пренесуваат дека жена во Киев соборила непријателски дрон со тегла со зимница. Приказната се прошири пред неколку дена на социјалните мрежи, но многумина сметаа дека станува збор за лажна вест.

    Украинскиот портал „LIGA.Life“ пишува дека успеале да стапат во контакт со храбрата жителка на Киев која тврди дека со тегла со домати соборила руски дрон.

    Наводно, едно утро додека таа седела на својот балкон и пушела цигарa слушнала како нешто зуи. Олена раскажала дека никогаш претходно не видела дрон. До неа на терасата имала тегла со закиселени домати од зимницата.

    – Веројатно ја фрлив теглата од страв. Се исплашив. Размислував што ако почнат да пукаат кон мене! Но, каква штета за тие домати… – ѝ рекла Олена на новинарката и ѝ порачала: Не одам никаде. Ова е мојот дом.

    Дронот паднал на земја, а Олена и нејзиниот сопруг побрзале да ги расчистат остатоците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img