More

    Ајфеловата кула може да се урне

    spot_img

    Од 2010 година, Ајфеловата кула во Париз прогресивно ‘рѓосува и доколку тоа итно не се санира, таа може да се урне, пишува списанието „Маријан“, повикувајќи се на доверливи документи.

    Се истакнува дека Ајфеловата кула е во лоша состојба и дека „на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот“. Причината е што железото од кое е направен споменикот доаѓа во допир со вода и кислород на оние места каде што бојата отпаѓа од застареноста.
    Во 2018 година, почна 20-то реновирање на кулата – за Олимпијадата во 2024., што вклучуваше чистење на една третина од структурата и нанесување два слоја нова боја, за да се ограничи корозијата. Сепак, поради пандемијата со коронавирус, работата мораше да се одложи. Поради ова, сега се чини дека поправката ќе биде „козметичка“ и ќе покрие само пет отсто од Ајфеловата кула.

    – Веројатно нема да падне утре изутрина, но навистина не е во многу добра состојба – изјави официјален претставник за весникот, кој претпочита да остане анонимен.

    Фирмата „Сете“, која раководи со атракцијата, не сака да ја затвора подолг временски период поради поправки, бидејќи тоа би довело до губење на приходите. Ајфеловата кула е четвртото најпосетувано место во Париз, по „Дизниленд“, „Лувр“ и Версај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img