More

    Ахмети најави заедничка стратегија за евроинтеграцијата

    spot_img

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој попладнево пристигна во Тирана на средба со премиерот на Албанија, Еди Рама во придружба на првиот вицепремиер Артан Груби, рече дека средбата е пријателска и братска и ќе се разгледаат сите теми.

    – Средбата е пријателска и братска, за темите ќе видиме. Првин да ги разгледаме сите теми кои што мислиме дека се корисни, особено ме интересира зајакнувањето на заедничката стратегија за приближување на патот кон Европската Унија, а тоа е исклучително важна мисија за нашите земји, исклучително важна за зајакнување на мирот, стабилноста и напредокот на економијата. И тука најмногу ќе го фокусирам моето внимание –  изјави Ахмети за ТВ21.

    Средбата во Тирана ја свика премиерот Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија. Учесници на средбата се Али Ахмети од ДУИ, Африм Гаши од Алтернатива, Мендух Тачи од ДПА и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Поканата ја одби Билал Касами од Беса.

    Претходно, албанската телевизија „Њуз 24″ објави дека тема на средбата ќе биде „внатрешно-политичката ситуација во Северна Македонија, улогата на албанските партии во надминувањето на ќорсокакот во Македонија за обезбедување мнозинство, бидејќи Собранието мора да направи одредени уставни измени поврзани со напредокот и продолжувањето на процесот на евроинтеграции”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img