More

    Ахмад живее втор живот по третманот со гама нож за тумор на мозок

    spot_img

    Радиохирургијата со гама нож е револуционерна технологија на здравствена заштита за мозочни заболувања. Користи високоенергетски зраци за лекување на тумори на мозокот и други мозочни заболувања. Ги смени протоколите на лекување за многу видови тумор на мозокот. Менингиом, кој е бениген тумор на мозокот, е еден од нив. Пациентот Ахмад, професор по англиски јазик од Ирак, на 36 години, боледувал од тој вид тумор на мозокот. Ахмад раскажува за своето патување до Турција и за лекувањето во болницата „Аџибадем“.

    – Минатото лето имав хронични главоболки секојдневно. Таткото на мојот ученик е неврохирург. Го посетив. Побара да се направи скенирање со магнетна резонанца за да се дијагностицира проблемот. Следната информација беше дека имам менингиом, бениген тумор на мозокот. Тој рече дека може да го отстрани туморот со операција. Но, туморот беше на ризична локација. Потоа рече дека неодамна присуствувал на медицински конгрес и се запознал со проф. Корај Оздуман, неврохирург од Истанбул, чија специјалност е радиохируршки третман за тумори на мозокот. Мојот ирачки хирург ми препорача да одам во Истанбул заради третман со гама нож. Тоа би бил побезбеден третман за мојот тумор. Отидов во Истанбул и се запознав со д-р Оздуман. Тој објасни дека радиохирургијата со гама нож е иновативен третман кој би можел да го искорени мојот тумор. И покрај името, не е нож и не вклучува сечење или засеци. Наместо тоа, гама нож е форма на насочен, минимално инвазивен третман со зрачење – објасни Ахмад.

    Ахмад се пријавил во клиниката жалејќи се на хронична главоболка, болка и вкочанетост на едната половина од лицето.

    – Ја прегледавме анамнезата и скринингот со магнетна резонанца направени во неговиот роден град. Потоа повторно направивме снимање на мозокот со 3 Тесла МР во болницата „Аџибадем“. Откривме менингиом лоциран блиску до оптичките нерви (кој потекнува од страничниот ѕид на левиот кавернозен синус). Професорот Корај Оздуман реши да го изведе третманот со гама нож и го информираше пациентот. Беа направени планови за операција. Тој изведе еднократна радиохирургија со гама нож – велат од Аџибадем.

    Радиохирургијата со гама нож е амбулантска процедура, но целиот процес не трае повеќе од еден ден. По третманот пациентите можат да си одат дома.

    – Помина повеќе од една година од тој третман. За тоа време, останавме во контакт со лекарот кој прв му ја дијагностицираше болеста во Ирак. Една година по третманот, Ахмад повторно ги посети Истанбул и проф. Оздуман, заради одмор и за контрола на туморот. Повторно беше прегледан. Беше забележано дека менингиомот е значително минимизиран. Ахмад моментално нема тегоби – изјавија од Аџибадем.

    Проф. Корај Оздуман, кој е неврохирург и ко-директор на Одделението за гама нож на „Аџибадем“, наведува дека со гама нож може успешно да се лекуваат менингиоми. Тоа е особено корисно за менингиоми кои опфаќаат витални структури во мозокот. Поголемиот дел од менингиомите се 3 до 4 сантиметри или помали и може да се третираат со гама нож.

    – Туморот на мозокот на Ахмад несомнено беше соодветен за радиохирургија со гама нож – рече Оздуман.

    Ахмад е задоволен што нашол соодветен лекар за својот проблем.

    – Мило ми е што имав доволно среќа да ја најдам оваа болница бидејќи тука можеа да го излечат туморот. Исто така, се чувствувам прилично среќен што го најдов вистинскиот лекар. Пофални зборови за проф. Оздуман и за целиот персонал на „Аџибадем“, тоа е тим кој навистина се грижи за она што го работи. Благодарен сум на сите нив. Сега не сум загрижен за туморот. Се чини дека деновиве се е во ред со мене – рече Ахмад при контролата во првата година.

    Кој е соодветен кандидат за третман со гама нож?

    Третман со радиохирургија е можен доколку имате:

    – Метастатски тумори, тумори кои се прошириле во мозокот од белите дробови, дојките или бубрезите,

    – Бениген тумор на мозокот (акустичен невром, менингиом, краниофарингиом, аденом на хипофизата, хемангиобластом, гломус тумор),

    – Тригеминална невралгија,

    – Глиобластом (ГБМ), агресивен рак на мозокот,

    – Артериовенска малформација (АВМ) и каверном.

    Професорот д-р Корај Оздуман е водечки специјалист по неврохирургија во Турција, фокусиран на невро-онкологија и третман на тумори на мозокот. Во 2000 година, тој добил клиничка стипендија на Универзитетот „Мацумото“, Оддел за неврохирургија, Јапонија. Завршил клиничка стипендија (2002-2003) и истражувачка стипендија (2005-2007) на Универзитетот „Јеил“, САД. Во моментов, тој е професор по неврохирургија на Универзитетот „Аџибадем“, Медицински факултет, Катедра за неврохирургија и ко-директор на Одделението за гама нож во Здравствената групација „Аџибадем“ во Истанбул, Турција.
    Проф. Оздуман е еден од основачите на Истражувачката група за тумори на мозокот на Универзитетот „Аџибадем“, со посебен акцент на глиоми. Тој е меѓународен член на Американското здружение на невролошки хирурзи.

    Болницата „Аџибадем Алтунизаде“ е основана во 2017 година. Тоа е најновата болница на водечкиот приватен обезбедувач на здравствени услуги во Турција и во регионот – Здравствената групација „Аџибадем“. Нејзината оригинална архитектура, врвна технологија и клиничка извонредност обезбедуваат првокласно искуство за пациентите по кои е познат брендот „Аџибадем“.

    „Аџибадем Алтунизаде“ нуди напредни дијагностички и услуги на лекување во повеќе медицински специјалности, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на онкологија, неврохирургија, нега на срцето, роботска хирургија, клеточни терапии за педијатриски и возрасни пациенти. Сите негови карактеристики, од тројниот хибриден оперативен систем до самодезинфицирачките кваки на вратите, се проектирани да ја зголемат ефикасноста и безбедноста на пациентите.

    Со внатрешна површина од 98.000 м2, капацитет од 350 кревети, 18 оперативни сали, 75 кревети за интензивна нега и паркинг за 550 возила, болницата „Аџибадем Алтунизаде“ е целосно опремена да ги задоволи потребите на сите пациенти.

    Повеќе информации на линковите: https://www.acibadem.mk  и macedonia@acibadem.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img