More

    Архиепископот Стефан вели томос дава само Вселенската патријаршија

    spot_img

    Поглаварот на МПЦ-ОА, во ексклузивно интервју за грчка То Вима, вели дека Охридската aрхиепископија ќе го почитува канонскиот поредок на Православната Црква и ќе бара томос за автокефалност од Вселенската pатријаршија, затоа што таа е единствената црква која по традициите и каноните издава таков документ.

    – Сега и Света Софија Охридска, врз кој се видливи сите наши лузни, ќе продолжи да биде храм на заедничките евхаристички радости да се напластува единството со сите православни цркви – порача денеска поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан во беседата по заедничката архиерејска литургија во Белград во Соборниот храм на Свети Архангел Михаил со српскиот патријарх Порфириј, јави дописникот на МИА од Белград.

    Српскиот патријарх Порфириј денеска му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА, со кој се потврдува одлуката на СПЦ, која беше објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

    Г.г  Стефан денеска потенцираше дека процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија, каде на Педесетница ќе има литургија со Вселенскиот патријарх, по што се надева дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА.

    – Веруваме дека примерот на СПЦ кон нас ќе го подржат и останатите сестрински парвославни цркви, а Вие ваша светост направивте чекор со историско значење, како за за нашата МПЦ, така веруваме за целото православие – кажа архиепископот Стефан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img