More

    Аргентинците во неверување: „Ова е многу болно“

    spot_img

    Саудиска Арабија сензационално ја победи Аргентина со 2:1 (0:1) на стадионот Лусаил. Аргентина поведе со голот на Лионел Меси (10-11м), но на почетокот на вториот дел Салех Ал Шехри (48) и Салем Ал-Давсари (53) направија пресврт.

    Своите размислувања ги откри и аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез.

    „Ова е многу болно. Се надевавме дека ќе го започнеме настапот на Светското првенство со победа, но сега што е – еве го. Загубивме поради сопствени грешки. Победникот беше решен според деталите што треба да ги поправиме. Во првото полувреме моравме да постигнеме повеќе од еден гол. Мора да се вратиме на тренинзите и да се фокусираме на следните два натпревари, сега ни претстојат две финалиња“.

    Своите размислувања ги откри и стрелецот на првиот гол за Саудиска Арабија, Салех Ал Шехри.

    „Бевме самоуверени и докажавме дека сме на висина на задачата. Како напаѓач, сакам да постигнувам гол на секој натпревар, а ако човек работи напорно за да ја постигне својата цел, тогаш ништо не може да го спречи. Сакаме да се пласираме во осминафиналето, а по ваква победа ни е забрането да не ја постигнеме таа цел“.

    Своите впечатоци ги откри и саудискиот дефанзивец Сауд Абдулхамид.

    „Работевме напорно три години и сега сме наградени со победа против фаворитите за освојување на титулата. Играњето против Аргентина и најдобриот играч на светот ти дава голема мотивација. Денеска сме задоволни, но од утре мора да се фокусираме на следниот натпревар“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img