More

    Апелацискиот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зекири, да остане во притвор

    spot_img

    Апелацискиот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зекири, да остане во притвор откако пред неколку дена тој побара да биде пуштен на слобода и ветуваше дека нема да побегне од земјава.

    На јавната седница на Апелацискиот суд, Зекири убедуваше дека нема да избега од државата во случај да му биде укината мерката притвор.

    – Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година, бидејќи знаев дека се води постапка. Не размислувам, ниту имам зошто да бегам – кажа Зекири.

    Од судот појаснуваат дека гаранцијата која ја понудил Зекири воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му бил одреден и поради опасност да ја попречи истрагата.

    Обвинителството се сомнева дека Зекири заедно со уште двајца хрватски државјани го оштетиле Буџетот на државата за околу 800.000 евра за договор за советнички услуги на Владата, склучен без тендер.

    Зекири дојде на функцијата генерален секретар на Владата откако тогашниот генерален секретар Драги Рашковски се повлече поради истрага, а подоцна и беше обвинет за скандалот со набавката на софтвер тежок 100.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img