More

    Анџелина Џоли го продала заедничкиот имот со Бред Пит на руски олигарх

    spot_img

    Актерот Бред Пит тврди дека неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли намерно „сакала да му наштети“ продавајќи го својот удел во француското лозје, кое заедно го купиле во 2008 година на имотот Шато Миравал, на ривалскиот инвеститор.

    Пит вели дека тој и неговата поранешна сопруга се договориле да не ги продаваат своите акции без дозвола на другиот.

    Во правните документи до кои дојде новинската агенција ПA наведуваат дека Џоли го продала својот дел на производител на алкохолни пијалаци со седиште во Луксембург, под контрола од рускиот олигарх Јуриј Шефлер без знаење на Пит.

    Пит покрена судска постапка за да се обиде да го задржи мнозинскиот удел во компанијата која сега е сопственик на имотот.
    „Џоли се согласи на продажбата, а потоа и ја спроведе во тајност, намерно не информирајќи го Пит и свесно кршејќи ги договорните права“, се наведува во тужбата.

    Адвокатите на Пит рекле дека под негово управување, бизнисот прераснал во „приказна за меѓународен успех вредна повеќе милиони долари“, иако Џоли „не придонела ништо“.

    „Со продажбата, Џоли се обиде да му наштети на Пит“, се вели во документите доставени минатата недела. „Џоли знаеше дека Шефлер и неговите подружници ќе се обидат да го контролираат бизнисот што Пит го изгради и да ја поткопа инвестицијата на Пит во Миравал“, заклучиле тие.

    Имотот Миравал се наоѓа во селото Коренс во југоисточна Франција, а парот го купил за околу 25 милиони евра и таму се венчаше шест години подоцна. Актерката поднесе барање за развод во 2016 година.

    Џоли тврдеше дека го информирала Пит за својата одлука да го продаде имотот на Шефлер во јануари 2021 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img