More

    Анџелина Џоли во Украина, Лавов во кафуле со ранец и без шминка

    spot_img

    Холивудската актерка Анџелина Џоли која е и амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска била снимена во украинскиот град Лавов.

    Како што пренесуваат украинските медиуми, Џоли била забележана во кафуле во Лавов.На Твитер се појави видео од актерката во сив џемпер и широки панталони, со ранец и без шминка.

    Актерката од самиот почеток на војната во Украина апелира на мир и го акцентира страдањето на бегалците.

    „Мојот фокус заедно со колегите од УНХЦР е да направиме се што е можно да обезбедиме заштита и почитување на основните човекови права на бегалците“, напиша Џоли на почетокот на руската инвазија над Украина.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img