More

    Анѓушев апелира партиите да не го злоупотребуваат во нивните агенди

    spot_img

    Бизнисменот и професор Кочо Анѓушев ги демантира наводите на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ дека има некаква поврзаност со фотоволтаичната централа „Осломеј“.

    „Најостро демантирам дека која било компанија во која што јас или моето семејство сме дел од сопственичката структура, има некаква поврзаност со фотоволтаичната централа „Осломеј“. Сите шпекулации кои го пласираат спротивното се неточни и крајно тенденциозни со единствена цел да го нарушат мојот, угледот на моето семејство и реномето на компаниите со кои раководам“, се наведува во писмената изјава на Анѓушев.

    Тој вели дека целото негово професионално и општествено делување е насочено кон домашниот економски развој, дека постојано инвестира во воведување најсовремени и еколошки технологии.

    „Јас лично го вложувам сето мое знаење и капацитет во напорите за вкупна транформација на енергетскиот сектор во систем кој што ќе биде стабилен и одржлив. Компаниите со кои раководам вработуваат над 1.000 луѓе, го полнат државниот Буџет и се мотор на економскиот развој. Нашите производи се извезуваат во 42 земји ширум светот, учествуваме на пазари како САД, Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Белгија, Португалија, Австралија и многу други. За овие успеси никогаш не сме барале, ниту ќе бараме привилегии или специјален третман од никого, но најмалку што очекуваме фер, коректен пристап и да не бидеме злоупотребувани во ничија медиумска и политичка агенда. Апелирам до сите политички партии да престанат во нивните дневно-политички препукувања да го споменуваат моето име и семејство. Не сум партиски определен, ниту имам политички амбиции. Бев дел од политичка Влада како предлог на Стопанската комора и за време на мојот мандат како заменик претседател на Влада сѐ што правев беше исклучиво насочено кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и развој на домашната економија. На ‘Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040’ сум особено горд и сметам дека е одличен документ кој треба да служи како патоказ и на оваа и на следните влади“, се наведува во изјавата на Анѓушев.

    Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на сторија на ИРЛ и изјави на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, обвини дека Анѓушев преку нарачана физибилити студија кај консултантите Александар Дединец и Дарко Јаневски, „се дограбил до земјиштето на ТЕЦ Осломеј и до новата фотонапонска централа на таа територија“.

    „Владата се расфрлаше со нашите пари од Буџетот за разни стратегии и физибилити студии од кои видовме што се изроди: прогласена електроенергетска криза во траење од шест месеци за да може да се увезува скапа струја од берзите, додека ЕЛЕМ е пред банкрот. Е тоа не е проблем за Бислимоски, што ЕЛЕМ го доведоа пред банкрот и што немаме домашни производство на струја, туку мора да увезуваме струја со по 7-8 пати повисока цена од онаа производната на ЕЛЕМ. За Бислимоски било проблем што дел од општините формирале нови јавни претпријатија кои ги исполнуваат условите од Законот за енергетика (на Анѓушев и Бислимоски) да бидат мали потрошувачи, па сега наместо да купуваат скапа од струја од снабдувачите на слободниот пазар, се снабдуваат од ЕВН ХОМЕ по регулирана цена“, се наведува во соопштението на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, која повика на санкции за Заев, Анѓушев, Битиќи, Бектеши, Ковачевски, Бислимоски, Дединец, Андонов и уште многу други.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img