More

    Анчелоти е единствен со четири титули во ЛШ

    spot_img

    Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше настапот на тимот оваа сезона, по победата во финалето од Лигата на шампионите и триумфот над Ливерпул (1:0).

    – Ова беше неверојатна сезона, не постои начин да се опише. Јас сум секогаш оптимист, но не ни сонував дека во една сезона ќе ги освојам шпанскиот Суперкуп, Ла Лига и Лигата на шампионите – изјави Анчелоти.

    Италијанскиот фудбалски стручњак синоќа ја освои Лигата на шампионите по четврти пат. Тој стана единствениот тренер со четири трофеи во елитното натпреварување.

    Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по 14. пат. Последен пат „кралскиот клуб“ на европскиот фудбалски трон беше во сезоната 2017/18.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img