More

    Аномалии и нелогичности во законите ги спречуваат нормално да работат

    spot_img

    Враќање на јавните овластувања на Комората, промени во структурата на УО на Комората со донесување на ново законско решение, прецизни насоки со кој би се усвоил нов Тарифник и вклучување на Комората во подготовка на сите нови законски решенија, побара  денеска Комората на трговски друштва.

    Од комората велат дека поради аномалии и нелогичности во законите и подзаконските акти, поголемиот дел од геодетските друштва се доведени на работ на егзистенцијата. Проблеми поради тоа има и самата комора која не може нормално да функционира, откако ѝ е одземено правото да издава лиценци. Во неа членуваат 140 правни субјекти,  директно се вработени околу 800 физички лица, а се обезбедува егзистенција за околу 5.000 лица.

    -Актуелен проблем со кој се соочуваме е одземањето на јавните надлежности за издавање/одземање на лиценци за вршење на геодетски работи на Комората од страна на Агенцијата. Ингеренциите се одземени само поради еден случај во кој Управниот одбор на Комората одлучи да не се одземе лиценца за работа на трговско друштво кое врши геодетски работи бидејќи сметаше дека не се исполнети условите за да не донесе таква одлука-  вели  претседателот на Комората, Никола Рибароски.

    Тој појасни дека во гласањето за носење на  одлука учествувале и тројцата членови на УО кои се делегирани од Директорот на Агенцијата.

    -И покрај тоа што согласно законот ова решение е конечно и извршно, Агенцијата достави укажување до Комората во кое бара да се преиначи веќе донесеното решение. Ваквото Укажување е директно и грубо мешање во независното работење на Комората без законски основ поради што и не се постапи по него, а по што следуваше решение на Агенцијата со кое се одземаа јавно пренесените ингеренции на Комората за издавање/одземање на лиценци. Законот и подзаконските акти не предвидуваат како да се постапи во ваков случај, поради што немаме решение за тоа како да течат процесите како што се издавање и одземање на лиценци, промена на седиште, згаснување на правен субјект и др.. Поради правниот вакум во кој Агенцијата самата се вовлече, истата во моментов се обидува да ја преземе оваа надлежност, но не може бидејќи комисијата која го прави тоа е орган на Комората, на жиро-сметка на Комората се уплаќаат предвидените надоместоци, а документите ги потпишува Претседателот на Комората – појасни тој.

    Рибаровски вели дека проблеми во рботењето се создаваат  со  начинот на функционирање на УО, кој се состои од 7 членови од кои четири се избираат на Собрание, а тројца се назначуваат од Директорот на Агенцијата.

    – Овој начин на избор директно ја ограничува законски пропишаната независност на Комората. На нашите иницијативи да се промени структурата на Управниот одбор добиваме објаснување дека тоа е така затоа што имаме јавни овластувања. Но ова тврдење не може да биде издржано бидејќи и други комори, како онаа на архитектите и инженери, адвокати и др. исто така имаат јавни овластувања, но немаат ниту еден член во раководните структури делегиран од државна институција.Во овој случај има и ситуација на судир на интереси, бидејќи Агенцијата го контролира работењето на Комората, а има  тројца членови во УО кои ја води Комората – рече Рибароски.

    Тој смета дека проблем во работењето на секторот е и тарифникот за висина на надоместок за извршени геодетски работи кој не е променет од 2013 година.

    – Во него има многу грешки и нелогичности, а за кој имаме реакции и од многу држани институции. Комората во 2019 година подготви нов предлог-тарифник и го достави до Агенцијата, која пак по 2 годни се изјасни дека истиот не може да биде прифатен бидејќи не е запазена методологијата пропишана во Законот за катастар на недвижности. Ниту во Законот, ниту во подзаконски акт не е пропишана оваа методологија на која Агенцијата се повикува – рече тој.

    Рибароски истакна дека за надминување на овие проблеми потребни се итни и конкретни решенија за чие донесување е неопходно да се заземе Владата, бидејќи и покрај сите залагања не може да воспоставиме конструктивна соработка од Агенцијата за Катастар на недвижности за да можеме заеднички да креираме услови за опстојување, унапредување и развој на професијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img