More

    Ангеловска-Бежоска и Бесими ќе учествуваат на редовните Годишни средби на ММФ и Групацијата на СБ

    spot_img

    Делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон.

    На годишната средба на ММФ и Светската банка лидерите, експертите и активистите ќе зборуваат за тоа како може најдобро да им се одговори на предизвиците и неизвесноста коишто ги донесоа двете последователни кризи за светската економија. Дел од темите за дискусија ќе бидат пандемијата, климатските промени и војната во Украина, коишто предизвикаа најостро забавување на економската активност во последните 80 години, како и зголемената инфлација, енергетската криза и растот на задолжувањето на државите.

    Како што информира прес службата на Народна банка, во рамките на Годишните средби се закажани состаноци на делегацијата со високи претставници на ММФ и СБ, како и претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.

    Македонската делегација  ќе оствари средба со  заменик извршен директор на ММФ, на којашто ќе се разговара и за идната потесна соработка којашто ќе ја има нашата држава во рамките на новоодобрениот аранжман ПЛЛ. Исто така, се предвидени одделни средби на делегацијата со директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, со извршниот директор на ММФ Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор  Лук Дресе, како и со шефицата на Мисијата на ММФ Бергљот Баркбу.

    -Во центарот на вниманието на состаноците со високите претставници на ММФ ќе бидат монетарната политика и економските состојби во земјава. Гувернерката има закажано и одделни состаноци со претставници на Одделот за статистика и Одделот за монетарна политика и пазари на капитал, на кои ќе се разгледаат резултатите од тековната соработка помеѓу Народната банка и ММФ, како и можностите за натамошно унапредување на оперативните активности на Народната банка во доменот на спроведувањето на монетарната политика, во соработка со експертите на Фондот – велат од НБ.

    Годишните средби се одржуваат редовно, секоја есен, и на нив учествуваат гувернери на централни банки, министри за финансии, високи претставници на финансиски организации, невладини организации, за да разговараат за теми и политики коишто ќе придонесат кон одржлив економски раст во светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img