More

    Ангеловска-Бежоска вели дека фокусот е да се одржи ценовна стабилност

    spot_img

    По речиси една декада ниски стапки на инфлација, минатата година светот почна да се соочува со зголемена инфлација, предизвикана од шокови на страната на понудата. Пролонгираното и подисперзираното дејство на овие шокови доведе и до нагорни придвижувања кај инфлациските очекувања. Зголемените инфлациски очекувања, коишто во некои економии беа придружени и со притисоци од побарувачката, доведоа до постепено повлекување на монетарниот стимул. Имено, дел од централните банки веќе преземаат мерки за постепено нормализирање на монетарната политика заради одржување на среднорочната ценовна стабилност, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишната меѓународна конференција „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.

    Гувернерката, како што информираат од Народната банка, посочила и дека инфлацијата во земјите во регионот на Централна и Југоисточна Европа во април достигнала просечно ниво од 11,4 проценти.

    – Инфлацијата е зголемена и во домашната економија (10,5 отсто во април), со оглед на исклучително високата трговска отвореност на земјата, што значи голем број продукти коишто ги користиме се од увоз. Со оглед на зголемените инфлациски очекувања и состојбата на девизниот пазар, Народната банка почна со постепена нормализација на монетарната политика преку користење повеќе инструменти. Секој чекор во натамошниот период ќе зависи од макроекономските услови и очекувања и согледувањата на ризикот – нагласила гувернерката.

    Таа истакнала дека координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика е од особено значење за пребродување на новите предизвици коишто ги донела војната во Украина.

    За време на пандемијата, силната реакција и добрата координација на монетарната и фискалната политика, според гувернерката, придонеле за релативно брзо закрепнување од кризата.

    – Сепак, во оваа криза, со оглед на инфлациските движења, ситуацијата е поразлична и вниманието на централните банки треба да биде насочено кон одржување на стабилноста. Неопходно е ублажувањето на ефектите врз економијата на краток рок да се прави преку фискалните инструменти што ги засегаат најприоритетните области и најпогодените категории на населението – посочила гувернерката Ангеловска-Бежоска во обраќањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img