More

    Американците предупредуваат, Западот црпи од домашните резерви

    spot_img

    Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека целосната забрана за извоз на руска нафта најверојатно ќе доведе до „огромно зголемување“ на цената на нафтата на светскиот пазар, што би им наштетило на САД и нивните демократски сојузници, пренесува Бета.

    Во своето сведочење пред Комисијата за финансии на Претставничкиот дом, Јелен вчера рече дека се надева оти нафтените компании во САД и другите делови на светот, мотивирани од сегашните високи цени на таа енергија, ќе можат да го зголемат производството во следните шест месеци.

    Во меѓувреме, за итно да се намали цената на нафтата, која веќе расте, западните земји пуштаат огромни количества црно злато од своите трезори на пазарот, за понудата да биде поголема. Членките на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) одлучија да продадат 120 милиони барели нафта од резервите за да ги ограничат цените, изјави директорот Фатих Бирол.

    „МАЕ колективно ќе стави на располагање вкупно 120 милиони барели нафта од резервите (вклучувајќи 60 милиони барели што ќе ги додадат САД како дел од поширокиот план за продажба од Стратешките нафтени резерви)“, напиша Бирол на Твитер.

    САД во март соопштија дека во следните шест месеци на пазарот ќе пласираат вкупно 180 милиони барели нафта од своите резерви, што е најмногу од нивното формирање. Другите членки на МАЕ, исто така, најавија дека тоа ќе бидеа најмногу барели што заедно ги пуштиле во оптек откако агенцијата почна да ја координира продажбата.

    Досега тие тоа го направиле во четири наврати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img