More

    Американците очекуваат на иницијативата да се приклучат и останатите земји

    spot_img

    Силна и недвосмислена поддршка за европската интеграција на целиот регион на Западен Балкан и особено за регионалната економска и политичка соработка, како што е „Отворен Балкан“, изразија претставниците на американскиот Стејт департмент на работната средба во Вашингтон на заменик помошникот на државниот секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, Габриел Ескобар со владината делегација составена од националните координатори Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска Старова и советникот на премиерот за надворешна политика Едмонд Адеми, во рамки на студиската посета во САД на регионалната координативна група на иницијативата „Отворен Балкан”.

    На средбата, информираат од владината Прес-служба, претставниците на „Отворен Балкан“ од Северна Македонија, Албанија и од Србија со претставниците на Стејт департментот на САД разговараа за важноста на регионалното поврзување и на слободното движење на луѓе, капитал, добра и услуги. Тие уште еднаш ја потврдија отвореноста на иницијативата за приклучување на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово во иднина.

    Иницијативата „Отворен Балкан“ беше оценета како соработка која дава конкретни резултати, која е препознаена од граѓаните, компаниите и институциите и која е на линија со европските политики и регулативи.

    – Западен Балкан има недвосмислена европска иднина, земјите од регионот треба да станат членки на Унијата во разумен рок бидејќи со тоа ќе донесат нови можности за Европа – беше истакнато за време на состанокот.

    Во рамки на студиската посета која е во организација на Атлантскиот совет од САД, претставниците на „Отворен Балкан“ од Македонија, Албанија и од Србија имаат средби и со претставници на Американскиот сенат, како и со претставници на меѓународните организации НЕД, НДИ и ИРИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img