More

    Американците да нѐ остават на мир

    spot_img

    Илјадници луѓе денеска протестираа во Мадрид поради одржување на Самитот на НАТО следната недела во главниот град на Шпанија.

    Демонстрантите порачаа дека зголемувањето на финансиите за војската, што НАТО го бара од европските партнери, го гледаат како закана за мирот.

    – Решението што тие го предлагаат е повеќе оружје и повеќе војни, а ние секогаш плаќаме за тоа. Значи, не за НАТО и за воените бази. Американците нека си заминат и да не остават на мир, без војни и оружје – изјави демонстрантката Конча Хојој.

     

     

    Според организаторите на протестот учествувале околу 5.000 луѓе.

    Самитот на НАТО е закажан на 29 и 30 јуни, а ќе се одржи под сеопфатни безбедносни мерки.

    Главни теми ќе бидат предизвиците без преседан, што произлегуваат од руската инвазија врз Украина и барањето за членство на Финска и Шведска, на што се спротивставува Турција.

    Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес изјави дека на Самитот ќе се разговара и за заканата што доаѓа од јужното крило на Европа, Африка. Според него Русија претставува закана и за тоа јужно крило на Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img