More

    Американскиот сенат изгласа резолуција за војната во Украина

    spot_img

    Сенатот на САД вчера едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник, пренесе ДПА.

    „Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни, го охрабри Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и другите земји да ја земат за цел руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската окупација на Украина“, се наведува во соопштението.Според лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, демократите и републиканците се здружија за да кажат дека „Владимир Путин не може да избега од одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, додава ДПА.

    Минатата недела, двата дома на американскиот Конгрес го одобрија законот со кој се обезбедува помош од 13,6 милијарди долари за Украина и нејзините европски сојузници. Американскиот претседател Џо Бајден законот го потпиша вчера.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img