More

    Американскиот генерал нема оптимистичка прогноза за времетраењето на војната во Украина

    spot_img

    Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја бранеше реакцијата на САД на војната во Украина во жестока дебата со републиканскиот конгресмен кој го обвини Пентагон дека ги преценува воените способности на Русија.

    -„Дали ви текна дека Русија не ја прегази Украина поради тоа што го направивме? И поради она што го направија нашите сојузници? Дали некогаш сте размислувале за тоа?“, реторички го праша Остин пратеникот Мет Гаец во Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом.

    Остин и други американски официјални лица велат дека поддршката на САД за украинските сили, заедно со силната волја на Украина да се спротивстави, ги спречила плановите на Русија да постигне брза победа во војната која сега влезе во својата шеста недела.

    Генералот Мајк Мили, претседател на Здружениот Генералштаб, рече дека конфликтот во Украина може да трае со години. „Мислам дека ова е конфликт кој ќе трае и мислам дека ќе трае со години“, изјави Мили на истиот комитет.

    Тој додаде дека „НАТО, САД, Украина и другите сојузници и партнери кои ја поддржуваат Украина ќе бидат вклучени во ова уште некое време“.

    Во источна Украина сепаратистите се борат со руска поддршка од 2014 година, а во конфликтот загинаа околу 15.000 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img