More

    Американската влада забранува продажба и увоз на комуникациски уреди направени од кинески производители на паметни телефони и добавувачи на мрежна опрема Huawei и ZTE

    spot_img

    Американската влада забранува продажба и увоз на комуникациски уреди направени од кинески производители на паметни телефони и добавувачи на мрежна опрема Huawei и ZTE, нагласувајќи дека тие претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност, објави американскиот телекомуникациски регулатор FCC.

    „Како резултат на нашата наредба, ниту една нова опрема на Huawei или ZTE не може да биде одобрена”, напиша комесарот на FCC, Брендан Кар на Твитер. Постои и можност за одземање на постојните одобренија, додаде тој.

    Тоа е „првпат во историјата на FCC” да се забрани одобрувањето на нови уреди поради загриженост за националната безбедност, напиша тој.

    Одлуката не е изненадување, јави ДПА. Американскиот претседател Џо Бајден минатата година нареди со закон да се исклучи мрежната технологија на Huawei и ZTE од американскиот пазар, продолжувајќи ја политиката на неговиот републикански претходник Доналд Трамп во спорот со Кина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img