More

    Американската амбасадорка очекува во следните месеци да бидат објавени црните списоци

    spot_img

    Прашањето не е дека САД ќе објават една листа и ќе кажат „тоа е тоа, ова се сите имиња”. Ова е долготраен и постојан разговор помеѓу американската Амбасада овде и Вашингтон и ширум Владата во Вашингтон. Има повеќе видови на листи за санкции, значи не постои само една и не станува збор дека се прави една листа и завршуваме. Бидејќи има постојана проверка за оние кои ние сметаме дека ги прекршиле правилата во поглед на очекувањата кои ги имаат САД за тоа дали да им дозволи влез во САД, или да се соочат со други видови на финансиски санкции, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер, осврнувајќи се на очекувањата за црната листа на САД за корумпирани лица.

    Агелер во интервју за ТВ „Телма” посочи дека некои проверки ги води Стејт департментот, некои Министерството за финанси, и други агенции исто така.

    – Значи тоа е постојан разговор. Немам временска рамка бидејќи Вашингтон ќе ги објави кога ќе ги заврши истрагите и заклучоците. Тесно соработуваме во развојот на случаите. Моите очекувања се дека во следните месеци ќе видиме неколку имиња, но не знам која е точната временска рамка. Ќе повторам за да бидам јасна, тој разговор кој го водиме, кој јас го водам, кој мојот тим овде го води со Вашингтон, не бараме мислења на луѓе од оваа земја, и верувајте ми, откога дојдов овде, луѓе имаат пријавено многу, многу имиња во оваа Амбасада, на луѓе кои ги прекршиле правилата, и кои треба да бидат на некоја од листите за санкции. И ние секако дека ги разгледуваме тие – нагласи Агелер.

    Амбасадорката побара трпение од страна на граѓаните и рече дека тие мора да сфатат дека станува збор за постојан процес.

    – Знаете, ме прашуваат за листата, и пак ќе повторам, не постои само една, но тоа можеби е и можност за луѓето помалку да бидат фокусирани на една листа, туку повеќе да бидат фокусирани на видовите на активности и постапки кои би ставиле некој на листата. Мислам дека ова е можност за правосудството сериозно да се погледне себеси, дали сте судија, или обвинител, која и да е вашата улога, и да се запрашате „дали јас се однесувам, дали си ја извршувам работата со интегритет? Дали сум под влијание на други? Дали носам одлуки засновани врз законот? Мислам дека сите можеме да посочиме кон неодамнешни примери каде што не ни се чини нам, или на јавноста, дека тоа се случило. Значи продолжуваат да се појавуваат примери кои изгледаат многу сомнително, пак ќе повторам, не само на САД и на Амбасадата, туку и на обичните луѓе, кои сакаат да продолжат со своите животи знаејќи дека нивната влада, дека нивните политичари дејствуваат во најдобар интерес за нив. Во најдобар интерес за граѓаните, а не во нивниот личен најдобар интерес, на судијата, на обвинителот, или на било кој – наведе Агелер.

    Амбасадорката ги коментираше и случувањата меѓу Македонија и Бугарија. Таа нагласи дека од критична важност е да се смират разговорите и лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално. Таа потенцираше дека не смета оти ескалацијата на дијалогот треба да го запре или одложи напредокот на земјава кон Европската Унија.

    – Луѓето во државата секој ден можат да ги видат тие конфликти и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират, лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално, за тоа кој е патот напред, во врска со некои од овие проблеми кои ги видовме помеѓу различни индивидуи и заедници. Тоа е од критична важност. Но, дали тоа треба да го запре, или дури и да го одложи напредокот кон ЕУ? Не мислам дека треба – истакна Агелер.

    Таа го поздрави чекорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој отиде во Софија и разговараше со тамошното Министерство за надворешни работи и со други лидери, за тоа како да се поддржат малцинските заедници овде во Северна Македонија и како двете држави да постигнат напредок во надминувањето на било какви точки на притисок помеѓу двете влади, за да можат луѓето од оваа земја да го продолжат напредокот во нивните европски аспирации.

    Амбасадорката одговарајќи на прашање во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, со која телевизијата ја етикетираше како „непријател на Албанците”, а премиерот Димитар Ковачевски наместо да го осуди таквиот напад ја критикуваше уредувачката политика на ТВ „Телма”, посочи дека верува во тоа дека постои еден вид на „општествен договор” со одговорните новинари.

    – Медиумите на пример, може да имаат одредени погледи или поединечно новинарите може да имаат одредени ставови. Многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон избраните функционери. Всушност тоа е и нивната улога, во голем број на случаи. Да ја алармираат јавноста ако постои загриженост за Владата или опозицијата или кој и да е друг. Но, исто така е суштински важно, е тоа да биде направено на начин кој не е личен напад на поединецот. Дека целта е да се обезбедат информации за јавноста, со цел тие да можат да донесат одлуки кога ќе гласаат или ќе им одговорат на избраните функционери за своите цели. Значи луѓето да ги добиваат информациите кои им се потребни – рече Агелер.

    Амбасадорката додаде дека луѓето се критикуваат за работи кои можеби и не знаат дека згрешиле.

    – Но тоа се прави на начин, кој не е едноставно напад врз поединците. Без разлика дали тоа доаѓа од избраните функционери или новинарите, мислам дека е важно да постои таа рамнотежа. И тоа да се прави на еден фер начин – истакна Агелер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img