More

    Аманда Сејфрид откри дека сега жали што како млада актерка на почетокот на нејзината кариера не одолеала на притисокот да се соблече пред камерите

    spot_img

    Холивудската актерка Аманда Сејфрид (36), откри дека сега жали што како млада актерка на почетокот на нејзината кариера, не одолеала на притисокот да се соблече пред камерите.

    – Имам 19 години, шетам без долна облека. Како дозволив да се случи ова? Знам зошто. Имав 19 години и не сакав никого да налутам и само сакав да ја задржам работата – изјавила Аманда во разговорот за „Портер“.

    Сејфрид ја започна својата кариера во сапунски опери појавувајќи се во „As The World Turns“ и „All My Children“ во раните 2000-ти, а се прослави во 2004 година со „Mean Girls“, по што нејзината кариера вртоглаво порасна. Сејфрид е, исто така, ѕвезда на филмовите „Мама миа“ и „Les Misérables“.

    Актерката со сопругот Томас Садоски, со кој се омажи во март 2017 година, ги има петгодишната ќерка Нина и двегодишниот син Томас и е многу активна на социјалните мрежи каде споделува бројни семејни фотографии и моменти од нејзиниот приватен живот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img