More

    Алтернатива: Скендер Реџепи треба да го врати пратеничкиот мандат кој го добил во име на партијата

    spot_img

    Скендер Реџепи треба да го врати пратеничкиот мандат кој го добил во име на партијата, велат од Алтернатива, откако пратеникот вчера истакна дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник во Собранието.

    Сакаме да објасниме, велат од партијата на Африм Гаши, дека оваа одлука на Реџепи е исклучиво лична одлука и дека не станува збор за никаков став којшто е поврзан за некоја партиска структура или партиски орган на Алтернатива.

    „Алтернатива изразува жалење за оваа одлука на пратеникот Реџепи и ја известува јавноста дека оваа одлука нема да влијае на групата на пратениците на Алтернатива, ниту на парламентарното мнозинство, ниту на учеството на Алтернатива во извршната власт. Меѓутоа е индикативно неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор. Бидејќи мандатите на овој парламентарен состав, следствено и на Алтернатива, се добиени под логото и во име на партијата, а не како независни кандидатури, се надеваме дека пратеникот Скендер Реџепи – во име на политичкиот морал и должностите кон партиските структури од кои станал пратеник – да го врати добиениот мандат во име на партијата, при што Алтернатива би била благодарна за досегашниот придонес“, велат од партијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img