More

    Алигатор усмрти 88-годишна Американка

    spot_img

    Жена од САД, 88-годишна, е усмртена од алигатор, откако случајно паднала во езеро додека си ги средувала растенијата, близу брегот, во рамки на населба-прифатилиште за стари лица, соопштија властите во американската сојузна држава Јужна Каролина.

    – Надлежни лица биле повикани во месноста Сан Сити Хилтон Хед завчера, по што е утврдено дека алигатор зграпчил женско тело близу околната вештачка лагуна и не го испуштал – изјави полицајката Анџела Виенс од Канцеларијата на шерифот на Округот Бофорт.

    Сан Сити Хилтон Хед е старечка заедница со повеќе од 16.000 жители. Жртвата Ненси А. Бекер од Јужна Каролина ја средувала градината, кога се лизнала и паднала во езерото, каде што живеел алигаторот. Надлежните подоцна го фатиле животното и тоа е усмртено.

    Полицијата и Округот Бофорт го истражуваат настанот.

    Се проценува дека околу пет милиони алигатори живеат во 10-те југоисточни сојузни држави во САД. Сепак, фаталните напади не се честа појава. Според наводите, од 442 случаи, 26 биле со смртни последици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img