More

    Алек Болдвин ќе продолжи да ја игра главната улога во вестернот „Рѓа“, ​​чие снимање продолжува

    spot_img

    Алек Болдвин ќе продолжи да ја игра главната улога во вестернот „Рѓа“, ​​чие снимање продолжува, најави адвокатот што ја застапува оваа продукција. Одлуката доаѓа откако беше објавено дека на актерот ќе му се суди за убиство од небрежност, откако ја застрела Халина Хачинс на сетот на филмот во октомври 2021 година.

    Веста дека Болдвин останува главен актер во филмот ја пренесува „Њузскај“, во кој се наведува дека сопругот на Халина Хачинс, Мет Хачинс, ќе продолжи да работи како извршен продуцент.

    Обвинителот на Ново Мексико, каде што се случи трагедијата, минатата недела изјави дека на Болдвин ќе му се суди за убиство од небрежност, истото обвинение со кое се соочува и Хана Гутиерез-Рид, која беше задолжена за реквизитите на сетот.

    Адвокатот на актерот истакна дека обвинението е пример за неправда, со што се согласува и застапникот на Хана.

    Болдвин нема да биде обвинет за ранувањето на режисерот Џоел Соуза, беше објавено во неделата, иако тој го погоди со истиот куршум со кој ја уби Халина Хачинс.

    Познатиот актер сѐ уште негира дека го повлекол чкрапалото на оружјето, иако тоа го потврди истрагата на ФБИ пред неколку месеци.

    Правните експерти рекоа дека ќе биде тешко обвинителството да ја докаже вината на Алек Болдвин без доказ дека знаел дека се користени вистински куршуми во пукањето.

    Мистеријата „како вистинските куршуми завршиле во пиштолот“ е едно од најважните прашања на кои треба да се одговори.

    Адвокатот на семејството на Халин Хачинс, Брајан Џеј Паниш, пред неколку дена изјави дека најблиските членови се благодарни за темелната истрага на надлежните органи.

    „И нашата приватна истрага дојде до истиот заклучок. Утеха наоѓаме во тоа што овде навистина никој не е над законот. Ние ги поддржуваме обвинувањата и ќе соработуваме максимално со обвинителството, кое го штити овој народ и се залага секој што го заслужува“ да добие соодветна казна.“

    Одлуката на сопругот на Халина Хачинс сигурно била внимателно разгледана и можеби поинакво решение би имало негативни последици за него и понатамошниот тек на случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img