More

    АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ -Народот мора да биде прашан дали прифаќа преговарачка рамка за Македонија во ЕУ

    spot_img

    Народот мора да биде прашан дали прифаќа преговарачка рамка за Македонија во ЕУ, во која ќе има повеќе услови од останатите земји-членки во времето кога се приклучувале, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Тој во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 објасни дека главниот проблем во преговорите се членот 5 од рамката и Протоколот.

    – Главниот фокус е насочен кон спорниот член 5 од преговарачката рамка во кој што под критериуми за членство за Македонија се додаваат уште два нови, едниот е договорот за добрососедство со Бугарија, а вториот е член 12 и протоколите кои секоја година треба да излегуваат – истакна Николовски и додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ поддршка за промена на Уставот нема, тоа е јасен кристален став.

    Според Николоски во Протоколот има над 20 страни обврски за Македонија во кои спаѓаат натписи, табли, учебници, споменици, цели наставни програми.

    – Од Владата велеа дека Протоколот нема да е дел од преговарачката рамка, иако во неа јасно пишува дека протоколот е дел од преговарачката рамка. Во него има преку 20 страни обврски за Македонија. Бугарија ќе има сопствено толкување на тие обврски од Протоколот кој го потпиша Бујар Османи и сега имаат полно право да бараат реализација на свој начин – потцртува Николовски.

    Тој смета дека нема да има крај на бугарските барања сѐ додека владата на СДСМ и ДУИ водат наивна и мека политика кон Бугарија.

    – На пример еве јас сум во Совет на Европа, 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, сите се однесуваат на малцинските и јазичните права на Македонците во Бугарија, но Бугарија нема спроведено ниедна пресуда. Не гледам дека владата на СДСМ ДУИ врши притисок да се реализира барем една од овие 14 пресуди. Не го гледаме реципроцитетот, кога од Македонија се бараат 100 работи, а од Бугарија ниедна. Од Македонија се бара да се избрише самата себе, а Бугарија да биде таа која ќе наметнува услови – нагласи тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img