More

    Активистите за животна средина започнаа необичен протест во импровизираниот камп пред канцеларијата на српскиот претседател Александар Вучиќ

    spot_img

    Активистите за животна средина започнаа необичен протест во импровизираниот камп пред канцеларијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, барајќи забрана за истражување и ископ на литиум и бор низ целата земја.

    Вучиќ ги игнорираше по првата шаторска ноќ. На прашањето дали претседателот можеби ги посетил утрово кога дошол на работа, активистите рекоа дека тој може да дојде во кампот „само ако со себе донесе потврда дека е донесен закон со кој се забранува истражување и експлоатација на литиум и бор во Србија”.

    Во кампот има педесетина активисти од повеќе здруженија, Здружението на еколошки организации на Србија (СЕОС), од цела Србија, кои во име на здружението и движењето „Еколошко востание“ бараат трајна забрана за секое истражување и ископување на литиум и бор во земјата.

    Според нив, на властите им била понудена друга опција – да се измени Законот за рударство, со кој треба да се отстранат членовите според кои „литиумот и борот се оценуваат како јавен интерес“, бидејќи со тоа ќе се спречи експропријација на земјиштето што треба да содржи руда јадарит.
    Сè додека тоа не се случи, велат активистите, рударските компании имаат можност да ги уценуваат сопствениците на земјиштето за да им ги продаваат имотите бидејќи во спротивно државата ќе ги купи за многу помалку пари од реалната цена преку системот на експропријација.

    Собирот на околу 50 активисти, кои имаат намера да кампуваат пред канцеларијата на Вучиќ и во наредните денови, е продолжение на повеќемесечните протести и блокади кои ги принудија властите да направат отстапки за дозволите за истражување на литиум и одлуката на владата да ги повлече сите административни акти дадени на Рио Тинто.

    Но, тоа не ги убеди активистите дека владата навистина „стави точка“ на истражувањето и можната експлоатација на литиумот и борот, како што рече премиерката Ана Брнабиќ.

    Австралиско-британската корпорација „Рио Тинто“ објави подготвеност да инвестира 2,4 милијарди долари во рударски проекти во Србија, тврдејќи дека ќе ги почитува сите еколошки стандарди, но во Србија е создаден еколошки фронт кој е погласен и порешителен против проектот и општо истражувањето и рударството на литиум и бор.

    Од „Еколошкото востание“ излезе и политичката коалиција МОРАМО, која најави учество на предвремените парламентарни избори во април, објави агенцијата Анадолија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img