More

    Актерот Џејсон Момоа покажа тетоважа на главата откако ја избричи својата долга коса

    spot_img

    Актерот Џејсон Момоа (43) покажа тетоважа на главата откако ја избричи својата долга коса. Со видеото и фотографиите сакаше уште еднаш да укаже на штетноста на пластиката.

    – Помогнете да се запре пластиката за еднократна употреба – напиша тој со објавата.

     

    Актерот на левата страна од главата истетовирал специјална шема во чест на повторното отворање на аеродромот на Хаваи. Досега немаше летови поради пандемијата на коронавирусот.

    – „Хавајски ерлајнс“ – горд што сум  од Хаваи, горд што лета со „Хавајски ерлајнс“, најдобриот дел е што конечно лета и за Нов Зеланд; поминаа две години откако не можеа да заминат поради ковид.„Хавајски ерлајнс“, те сакам поради ова и имам нешто посебно за тебе – изјавил тој во видеото кое го сподели и со своите фанови. Им ја покажа својата нова тетоважа и додаде дека „шефот се врати“.

    Многумина се шармирани од неговиот нов изглед, меѓу кои и актерот Тајрис Гибсон (43).

    – Те сакам, голем брат, твојот дух е скромен, толку заразен и голем – прокоментира Гибсон.

     

    На почетокот на септември, Џејсон ги отсече своите препознатливи долги кадрици како знак на протест против загадувањето на животната средина.

    – Еве за новите почетоци. Ширеме алоха. Бидете подобри во заштитата на нашата Земја и океаните. Мора да ја отстраниме пластиката за еднократна употреба од нашите животи и мориња, пластични шишиња, пластични ќеси, амбалажа, садови, сето тоа – напиша тој во описот на видеото.

    „Изморен сум од овие пластични шишиња, мора да престанеме. Пластичните шишиња се ужасни. Сега сите правата алуминиум, кој е фантастично, па алоха – призна тој, а обожавателите го пофалија што ја допре оваа важна тема.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img