More

    Актерот Џереми Ренер е пуштен од болница каде помина повеќе од две недели

    spot_img

    Актерот Џереми Ренер е пуштен од болница каде помина повеќе од две недели закрепнувајќи од тешките повреди со кои се здоби кога плуг му ја прегази ногата додека чистеше снег.

    Ренер откри дека можел дома да ја гледа премиерата на втората сезона на „Градоначалникот на Кингстаун“, во која и самиот глуми.

    „Освен зашеметеноста поради закрепнувањето, бев многу возбуден што ја гледав првата епизода од втората сезона со моето семејство дома“, напиша актерот на Твитер.

    Претходно, актерот на својот инстаграм-профил објави „приказна“ со фотографија од куќи на езерото Тахо покриени со снег.

    „Ми недостига моето среќно место“, напиша актерот свесен дека пред него е долг пат на закрепнување.

    Да потсетиме, актерот му помагал на мотоциклист кој се заглавил во снегот, кога бил повреден од плуг, објави претходно градоначалничката на Рено, Хилари Шиве, која е и пријателка на актерот.

    „Во неделата на 1 јануари Ренер се обидувал да му помогне на возачот кој бил заглавен пред куќата на снежната страна на планината, кога бил прегазен од сопственото возило“, рекла градоначалничката пред неколку дена.

    Здравствените служби на местото на несреќата организирале транспорт со хеликоптер до локалната болница. Во несреќата актерот се здобил со тешки телесни повреди, но, за среќа,  бил единствениот повреден во инцидентот. Тој се здобил со повреди на градниот кош и ногата, а во меѓувреме неколкупати се огласи од болницата каде и го прослави својот 52 роденден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img