More

    Актерот уапсен, полицијата го изнесе со лисици

    spot_img

    Актерот Мајкл Медсен, чиј син изврши самоубиство пред еден месец, беше уапсен во средата вечерта, за наводно упаѓање на имот на неименувано лице во Малибу, пишува „Дејли мејл“.

    Медсен бил забележан додека полицијата го изнесувала со лисици, а актерот носел широки фармерки, тексас јакна од Харли Дејвидсон и делумно откопчана хавајска кошула.

    Прво бил пренесен во болницата Вест Хилс, по што бил префрлен во полициска станица. Тој, наводно, добил казна од 500 долари и бил пуштен од притвор во четвртокот околу 19 часот.

    Да потсетиме, синот на холивудската ѕвезда, Хадсон Ли Медсен, почина пред еден месец, од прострелна рана, која си ја нанел сам, како што и официјално е утврдено.

    Можеби ќе ве интересира

    Мадсен во јануари за Лос Анџелес Тајмс изјави за трагичната смрт на неговиот син, наредник на американската армија: „Шокиран сум затоа што мојот син, со кој разговарав пред неколку дена, рече дека е среќен – последната порака од него беше: „Те сакам тато“. Трагично и тажно. Се обидувам да разберам сè и да разберам што се случи“.

    Медсен додаде: „Имаше типични животни проблеми поврзани со финансиите, но сакаше семејство. Размислуваше за својата иднина. Едноставно не можам да разберам што се случи“.

     

     

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img